Скопје | 10.10.2012

Неверојатна авантура! АПЛИЦИРАЈ биди VIP со Peugeot 301!

novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl1.jpg
novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl1.jpg 2 novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl2.jpg novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl3.jpg novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl4.jpg novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl5.jpg novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl6.jpg novosti/2012/bidi_vip_so_peugeot_301/sl7.jpg

"301 Road Trip" е интернационален проект чиј концепт е поставен од страна на Automobiles Peugeot. Peugeot 301 Road Trip, ќе минува низ 18 држави и 3 континенти. Во проектот се предвидени две екипи, едната ќе движи кон север, а втората кон југ. Двете екипи ќе стартуваат од Турција на 01.11.2012 година.

Екипата која ќе движи кон север ќе мине низ следниве држави: Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Словачка, Чешка, Полска, Украина и Русија.

Македонија е дел од јужната екипа, која редоследно ќе мине низ следниве десет држави: Турција, Грција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Италија, Тунис и Мароко.

Во Македонија ќе минат три возила Peugeot 301 од кои, едно возило ќе биде управувано од две лица жители на Р.Македонија кои ќе бидат избирани по пат на кастинг, а останатите две возила ќе бидат управувани од професионални возачи од Automobiles Peugeot.

Целата екипа ќе ја сочинуваат: VIP лицата од Македонија, професионални возачи и продукцискиот тим (камермани, фотографи, монтажери, графичари) од Automobiles Peugeot, а комплетната организација на настанот во Македонија ќе биде извршена од Еуроимпекс Генерален увозник на Peugeot.

До апликацијата може да пристапете преку следниот линк http://www.peugeot.com.mk/index.php/aplikacija_301_road_trip и на нашиот Facebook профил, истата е во важност за сите граѓани на Република Македонија кои имаат повеќе од 25 години. До истата ќе може да се пристапи и преку повеќе интернет портали. Сметаме дека овој начин на комуникација, е токму тоа што на луѓето им е потребно. Тие сакаат интеракција, сакаат забава, сакаат да се дружат и уживаат во внимание... Истото ú го заслужуваат, па затоа ú одлучивме да се вклучиме во овој интернационален проект и бидеме значајна алка во целиот процес.

Покрај овозможување на VIP однос кон две лица и неверојатна авантура со Peugeot 301, преку овој проект ќе ú дозволиме на јавноста во 18 држави и 3 континенти самата да се увери во квалитетот на возилото, моќта на моторите и технолошкиот напредок од страна на Peugeot. Со овој проект, кој ќе се одвива пред самиот процес на лансирање на возилото во земјите во Европа, уште еднаш ќе потврдиме дека историјата на брендот со повеќе од 200 години искуство е вредност која ужива високо ниво на почит од страна на купувачите.

"Peugeot 301 имав прилика да го видам на саемот во Париз, каде овој модел ја имаше својата светска премиера. Согласно техничките карактеристики и опременоста, слободно можам да кажам дека Peugeot 301 ветува дека ќе ги задоволи потребите на еден широк спектар потенцијални купувачи."изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

Peugeot 301 во Македонија ќе биде достапен кон средината на месец ноември.


  Назад кон новости