Скопје | 13.12.2012

Г-динот Даниел Воиновски - кум за бадник, здравичари "Силви Бенд"

novosti/2012/badnik/sl1.jpg
novosti/2012/badnik/sl1.jpg 2 novosti/2012/badnik/sl2.jpg novosti/2012/badnik/sl3.jpg

На вчерашната прес конференција, Општина Ценрар ги претстави бадникарскиот кум г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“ и здравичарите Силви Бенд.

„Да се биде кум за Бадник, како дел од православната традиција на бадникарското чествување, за мене и мојата фамилија претставува огромна чест.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски и додаде „Во животов повеќе пати ми се укажала чест да бидам кум на мои драги луѓе, но ова сепак го сметам за круна на сите кумства.“

Меѓу присутните на прес конференцијата беа: Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, дел од досегашните кумови Борче Петрушевски, Александар Пановски-Мац, Мирче Данаиловски, Васко Тодоров и Бранко Огненовски од К-15, како и членови на граѓанскиот Одбор за прослава на Бадник.

„ Оваа манифестација е една од најубавите манифестации, не само во општина Центар, туку и на територија на град Скопје. Изразувам голема благодарност до граѓаните на општина Центар, бидејќи тие знаат да ја негуваат традицијата и да го величаат ова збиднување, за да продолжи да се почитува и од идните генерации. Можеби и субјективно сум врзан за Бадник, бидејќи на Божиќ - 7 јануари, е мојот роденден.“, рече Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Православниот празник Бадник, се прославува по 21-ви пат од страна на Бадникарскиот одбор, во кој членуваат градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, дел од досегашните кумови, Борче Петрушевски, Александар Пановски-Мац, Мирче Данаиловски, Васко Тодоров и Бранко Огненовски од К-15.


  Назад кон новости