Скопје | 16.10.2012

5 годишнина на лимаро - фарбарската работилница на Еуроимпекс

novosti/2012/limarija/sl1.jpg
novosti/2012/limarija/sl1.jpg 2 novosti/2012/limarija/sl2.jpg novosti/2012/limarija/sl3.jpg novosti/2012/limarija/sl4.jpg

На 16.10.2012 година навршија 5 години од отпочнувањето на поправката на првото возило во лимаро-фарбарската работилница на Еуроимпекс.

Со неколку потенцијални кандидати за вработување ја започнавме лимаро-фарбариска поправка на првото случајно избрано возило. Од тогаш до денес поминаа околу 4000 возила, а лимаро-фарбарската работилница израсна во репер за квалитетно изработени возила и за голем број на задоволни клиенти.

По повод 5 годишнината во просториите на Еуроимпекс Скопје се одржа мала свеченост на која присуствуваа лица од осигурителни компании во државата:

  • Триглав АД осигурување,
  • Сава Осигурување,
  • Еуролинк Осигурување,
  • Осигурителна Полиса АД,
  • УНИКА,
  • Кјуби Осигурување,
  • АЛБСИГ,
  • ВИНЕР,
  • ЕВРОИНС

како и претставници на компаниите за авторепаратурни бои и материјали и опрема со кои соработува Еуроимпекс: Компанија Велкоски, Максмаер, АСИС и Велмар.

Воведен говор и кратка презентација одржа Директорот за пост-продажба и сервис г-дин Васил Стамболиски кој ја претстави компанијата како целина од основањето до денес, а потоа г-дин Александар Арнаудовски како раководител на лимаро-фарбарската работилница зборуваше за лимаро-фарбарските почетоци па се до денес.

Акцент беше даден на работата со светски брендови на авторепаратурни материјали, софистицираната опрема и оргиналните резервни делови набавени од принципалот Аutomobiles Peugeot, како важни предуслови за квалитетно завршена поправка и задоволни клиенти. За време на презентациите беше потенцирана успешната соработка со осигурителните компании и можноста за нејзино продлабочување, за да на крајот се заврши со мал коктел, на кој присутните можеа подобро да се запознаат и да продискутираат.

Во оваа прилика им ја честитаме годишнината на вработените во лимаро-фарбарија, со желба за постигнување уште подобри резултати и многу поправени возила.


  Назад кон новости