Скопје | 30.06.2012

Еуроимпекс, од сега и на втора локација во градов

novosti/2012/nova_lokacija/sl1.jpg
novosti/2012/nova_lokacija/sl1.jpg 2 novosti/2012/nova_lokacija/sl2.jpg novosti/2012/nova_lokacija/sl9.jpg novosti/2012/nova_lokacija/sl3.jpg novosti/2012/nova_lokacija/sl4.jpg 2 novosti/2012/nova_lokacija/sl5.jpg novosti/2012/nova_lokacija/sl8.jpg novosti/2012/nova_lokacija/sl7.jpg 2 novosti/2012/nova_lokacija/sl6.jpg

Автомобилската улица во Скопје, позната како ул.Скупи бб од сега ќе има импортер повеќе. Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot за Македонија ќе го пласира брендот и на втора локација во градот.

За да јавноста биде запознаена со овој чекор, во саботата на 30.06.2012 импортерот организираше тест возење на истата локација. Потенцијалните клиенти и заинтересираните лица на располагање имаа шест возила. Се возеше и тестираше Peugeot 208 (беше достапен за тест во две верзии), 207, 308, 3008 и 508. Додека пак импресивниот модел Peugeot RCZ во црна верзија, на самиот влез ги дочекуваше гостите подготвен за статичко презентирање кон лицата кои за тоа појавија интерес.

Продажниот објект уреден по најновите стандарди на брендот, во својата прегратка нуди седум возила за разгледување и статичко презентирање: Peugeot 208, 207, 308, 3008, 508, Partner Tepee, Bipper Tepee како и скутери Peugeot VivaCity и Peugeot Speedfight.

На оваа локација импортерот ќе биде присутен со продажен и сервисен центар – овозможувајќи комплетна сервисна услуга која опфаќа повеќе сегменти: сервисирање, услуга за брз сервис, оригинални резеервни делови и лимарско-фарбарски услуги.


  Назад кон новости