Скопје | 05.11.2012

НОВИОТ PEUGEOT 301, ПРЕТСТАВЕН ВО МАКЕДОНИЈА!

novosti/2012/mk_301/sl1.jpg
novosti/2012/mk_301/sl1.jpg 2 novosti/2012/mk_301/sl2.jpg novosti/2012/mk_301/sl3.jpg novosti/2012/mk_301/sl4.jpg novosti/2012/mk_301/sl5.jpg novosti/2012/mk_301/sl6.jpg novosti/2012/mk_301/sl7.jpg novosti/2012/mk_301/sl8.jpg novosti/2012/mk_301/sl9.jpg novosti/2012/mk_301/sl10.jpg novosti/2012/mk_301/sl11.jpg novosti/2012/mk_301/sl12.jpg novosti/2012/mk_301/sl13.jpg

„Дојде и тој момент, да ви го прикажеме новиот модел на Peugeot, пред тој воопшто да биде достапен за продажба.
Peugeot 301 имав прилика да го видам на саемот во Париз, каде овој модел ја имаше својата светска премиера. Согласно техничките карактеристики и опременоста, слободно можам да кажам дека Peugeot 301 ветува дека ќе ги задоволи потребите на еден широк спектар потенцијални купувачи.“
– изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

„Дел од вас беа на саемот во Париз, но повеќето оваа година за жал не го посетија. Накусо би додал, дека не случајно го одбравме овој начин за промовирање на 301. Тој сеуште не е достапен на пазарт, но преку интернационалниот проект “301 Road Trip” согледавме прилика, да дадеме нота на ексклузивитет и Вие да сте првите, кои имате прилика да го видите 301 во Македонија, три недели пред неговата достапност за продажба.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс, при тоа најавувајќи го свеченото откривање на новиот моќен лав.

Грандиозно интернационално патување на Peugeot 301, пред тој воопшто да биде достапен на европскиот пазар за продажба. Peugeot, сигурен во себе! Ссодадено е возило, креација на долгогодишното искуство и експертиза, припадник на “C” сегментот во седан верзија, соодветно за различни услови на патот и широк дијапазон на термературни разлики. “301 Road Trip“ е тука да го докаже тоа.

3 континенти и 17 земји... Македонија денес беше една меѓу нив!

ВИП гостите на Еуроимпекс, Зорица Серафимовска Арсовска и Игор Штерјов, вчера го користеа својот ВИП билет. Нивното друштво беше сочинето од три возила Peugeot 301 и 301 изминат километар возејќи во околината на Охрид и на релација од Охрид до Скопје.

Со првиот впечаток, ви станува јасно дека новиот Peugeot 301 гордо го носи генетскиот код на брендот. Движење и емоција,... исто како потписот, врежан во потсвеста.

Однапред, ќе ве дочека со продорен поглед - моќ која плени, рафинирани контури и форма на траги - за поголема аеродинамичност. Излиена силуета, во должина од 4.442 милиметри и одзади стоп светла во форма на лавовски канџи.

Во внатрешноста – импресивна пространост. 301 плени со свежина и прецизна завршна обработка. Инструмент таблата има високо нивно на прегледност и централно позиционирање на интегриран монохроматски дисплеј – за поголема достапност на информаците. Удобни седишта и деллива задна клупа, максимална ергономија и хромирано порабување на елементите одвнатре и однадвор за сатенски финиш.

Кај Peugeot 301 сè е некако во знакот на „ТРИ“ – 3 нивоа на опременост, 3 менувачи и 3 типа на мотори... Дури и во интернационалниот проект... 3 возила Peugeot 301 ќе минуваaт низ 3 континенти...

Инаку една од идеите на лансирање на моделот Peugeot 301 е освојување на сегментите Б и Ц, кои вклучуваат 10 милиони продадени возила годишно во светот. Само за информација, 28% од возилата во светот им припаѓаат на категоријата SEDAN или изразено во бројки, тоа се 20 милиони возила годишно.

  • систем за активна и пасивна безбедност (изразена преку ESP-то, ABS-от и 4 воздушни перничиња уште при првото ниво на опременост),
  • современ стил прикажан преку силната и модерна надворешна линија, хромираните детали, алуминиумските фелни, фаровите за магла,
  • комфор и удобност при возењето (а за тоа се заслужни исклучителното меѓуоскиното растојание од 2,65м, автоматскиот клима уред, темпоматот, патниот компјутер, радио ЦД МП3, УСБ, Bluetooth),
  • беспрекорно држење на патот (изразено преку проширениот траг на предните и задните тркала),
  • пространост (изразено преку одличниот простор за нозете во задниот дел на возилото, како и преку 506 литарскиот багажен простор),
  • повисоко ниво на каросериска изолација и поголемо висинско растојание меѓу возната подлога и подвозјето на возилото,
  • како и, моќни, екомомични и еколошки мотори.

Кај Peugeot 301 ќе може да се избира меѓу 2 бензински и 1 дизел мотор.

  • 1.2 литарскиот бензински мотор со 72 КС, ќе биде достапен со 5 степен мануелен и полуавтоматски менувач.
  • 1.6 литарскиот бензински мотор со 115 КС, ќе биде достапен со 5 степен мануелен менувач и автоматски менувач со 4-ри степени на пренос. Истиот е потомок на генерација мотори кои се имаат здобиено со признание за квалитет во целата гама на Peugeot.
  • Исто така кај Peugeot 301, достапен ќе биде и 1.6 литарски дизел агегат со ергела од 92 коња и 5 степен мануелен менувач.

Станува збор за моќни мотори, кои се карактеризираат со ниска потрошувачка на гориво и се внимателни кон околината во која живееме.


  Назад кон новости