Скопје | 25.04.2012

Ноти на раскош меѓу природата и урбаниот чекор.

novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl1.jpg
novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl1.jpg 2 novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl2.jpg novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl3.jpg novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl4.jpg novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl5.jpg 2 novosti/2012/peugeot_i_nebojsha_toleski/sl6.jpg

Во салонот на „Пежо“ пред голем број реномирани гости, дизајнерот и моден новинар Небојша Толески ја представи својата нова колекција “Кревка природа“. За претходната колекција „Меч“ Толески ја освои наградата за колекција со светски дизајнерски израз на модната недела во Белград.

Најновата модна линија на дизајнерот е инспирирана од природата и жената заробена во природа, знаејќи притоа дека таа не може да биде заробена. Главен мотив е цветот на афионот кој се забележува во кроевите, а раскошот на природата го доловува со лелеавите свилени материјали, надополнети со рачни везови. Контрастот, омилениот сегмент на дизајнерот е постигнат со боите, кои сепеак се надополнуваат.

Совршениот спој да се претстави жената, природата во која е „заробена“ и нејзината независна и урбана страна е постигнат со внимателно избраната локација и прикажувањето на оваа колекцијата во салонот на „Пежо“, каде во склоп на сценографијата гордо се извиваше „Пежо 508“ повеќекратниот добитник на наградата „Возило на годината“ во различни Европски земји.

Просторот беше исполнет со воодушевување предизвикано од смелото чекорење на девојките чии тела беа облеани од лелеавата природа разиграна во раскош и индиректно допрени од елегантната, моќна и смела линија на владетелот „Пежо 508“.


  Назад кон новости