Маурициус | 23.04.2012

Победа за тимовите на пост-продажба, сервис и резервни делови 2011

novosti/2012/pobeda_za_timovite_2011/sl1.jpg
novosti/2012/pobeda_za_timovite_2011/sl1.jpg 2 novosti/2012/pobeda_za_timovite_2011/sl2.jpg novosti/2012/pobeda_za_timovite_2011/sl3.jpg

Минатата година Еуроимпекс ДОО Скопје, како официјален импортер на производите нa Automobiles Peugeot, зеде учество како и секоја година на трите пооделни натпреварувања организирани во светски рамки на ниво на импортери од страна на Принципалот. Во натпреварувањата беа зададени задачи со чие исполнување се добиваа поени со кои се вреднува работењето на импортетот во земјата како и на неговата овластена сервисна мрежа.

Нашата мрежа со Еуроимпекс како импортер, победи во сите три натпреварувања и тоа: пост-продажба, резервни делови и дополнителна опрема и промоции, што им успеало уште само на две земји во светски рамки.

Како победници на првите две натпреварувања, беа поканети Васил Стамболиски како одговорен за Пост-продажба и Зоран Серафимовски како одговорен за Резервни делови, да присуствуваат на доделувањето на трофеите освоени по повод високо постигнатите резултати.

На доделувањето на трофеите претходеше патување од 06-11.04.2012 година во земјите на Индискиот океан, Маурициус и Ла Реунион каде во Хотелот „Лукс“ на 11.04.2012 се одржа официјалната манифестација на доделување на трофеите кои беа изработени во ликот на лавот нa Peogeot од 1925 година.

Пред доделувањето на наградата следеше пригоден говор наменет кон Еуроимпекс од страна на г-дин Серж Хабрант, како Раководител на одделот за пост-продажба и резервни делови во Automobiles Peugeot. За време на говорот беа споменати одличните резултати постигнати од страна на Еуроимпекс, напоменувајќи ги:

  • големиот дел на промоции на резервни делови и сервис,
  • прекрасната промоција на 508,
  • организираните тест возења како добра практика за анимација на купувачите,
  • ипмементацијата и водењето на Facebook како алатка за информирање,
  • Web страната,
  • организираните обуки и натпреварувања за Технички советници и рецепционери,...

Уште едната награда како потврда за сработеното, дополнително ги мотивираше професионалците на Peugeot во Македонија за постигнување на уште повисоки резултати.


  Назад кон новости