Скопје| 07.06.2012

Peugeot 208, будење на сите сетила под ведро небо. Промоција на новиот Peugeot 208

novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl15.jpg
novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl1.jpg 2 novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl2.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl3.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl4.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl5.jpg 2 novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl6.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl7.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl8.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl9.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl10.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl11.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl12.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl13.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl14.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl15.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl16.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl17.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl18.jpg novosti/2012/promocija_peugeot_208/sl19.jpg

Новиот лав, го шармираше Скопје – појавувајќи се за прв пат на 19-ти мај во центарот на градот. Двете возила од новиот Peugeot 208, проследени со танчерска група чии тела танцуваа во „духот“ на возилата, предизвикаа будење на сите сетила,... По бомбастичното најавување, новиот Peugeot 208 ја имаше и својата официјална промоција.

Минатата вечер Голем број гости,... Амбасадорот на Франција, Генерални менаџери на средни и големи компании, потенцијални купувачи и голем број реномирани имиња... Еуроимпекс, импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, приреди спектакуларно промовирање на новиот модел Peugeot 208. Во прекрасен амбиент под отворено небо, беа поставени 6 (шест) Peugeot 208 возила кои го очекуваа своето официјално претставување.

Генералните директори на Еуроимпекс, ги поздравија присутните.

Гостите беа поздравени и од страна на Генералните директори на „Еуроимпекс“.

„Ова е момент за кој во иднина – кога ќе се потсетуваме на настаните - ќе може да го именуваме како историски. Момент кoгa фениксот e воскреснат! Момент на Новото Пежо 208. Верувам дека сите ги паметите легендарните: Peugeot 205, Peugeot 206 (кој e продаден во Македонија во преку 3.500 примероци), како и Peugeot 207 кои оставија силен печат во историјата на брендот и со своите фасцинантни резултати остануваат зад нас...

Сакам да потенцирам дека во Македонија Peugeot e најпродаван бренд од аспект на вкупната продажба на возила. Со годините докажавме дека сме одличен пријател во процесот на купување, но и најверен другар во пост-продажниот период. Поради сето ова, веруваме дека Вашата доверба која несебично ни ја давате во континуитет и понатака ќе ја оправдаме, а дека љубовта кон Вашето Peugeot возило веќе е трајна категорија.“ – изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

“Искуството од над 200 години и најсоврементата технологија интегрирани во еден производ... Возило, кое посветено беше креирано за вас! За македонскиот, но и за европскиот купувач. Peugeot 208 е возило допадливо на прв поглед, но вистински освојувач откако ќе седнете зад управувачот.

За овој модел, извршена е целосна рè-генерација! Ре-генерација на линијата, на стилот, ре-генерација на искуството при возење, еколошка и ергономска ре-генерација. Минатиот пат ветивме, но сега Ви потврдуваме – тука сме за Вас - фокусирани кон: експертиза, беспрекорен квалитет, ги разбрануваме емоциите и понудуваме современ стил.“ – изјави Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

Енергичната музика испреплетена со фасцинантните движења на танчерите, создаде весела и позитина енергија за појавувањето на шестте Peugeot 208 возила кои блеснаа со својот сјај.


  Назад кон новости