Скопје | 24.10.2012

PEUGEOT 301, ЗАЕДНО СО ВИП ГОСТИТЕ ЗА ПРВ ПАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА!

novosti/2012/301_fin_2.jpg
novosti/2012/301_fin_2.jpg 2

По пат на кастинг беа избрани ВИП гостите на Еуроимпекс во рамките на интернационалниот проект „301 Road Trip”. Игор Штерјов и Зорица Серафимовска Арсовска ќе бидат првите лица во Македонија кои ќе го возат новиот Peugeot 301. Тие ќе уживаат ВИП третман и ќе го управуваат моќникот на релација Охрид-Скопје.

Со ова, Игор и Зорица се лицата кои ќе го одбележат пристигнувањето на новиот модел на Peugeot и ќе останат во историски белег за брендот.

„Во период од 10 дена, апликацијата беше достапна он лајн. Имаше повеќе предуслови кои апликантите требаа да ги исполнат. Еден од поважните беше апликантот да има над 25 години, да има широк круг на пријатели во животот и на социјалните мрежи, да е духовит, друштвен и тн. Комисијата за избор вклучуваше 6 лица од менаџерскиот тим на Еуроимпекс и трите заштитни лица членовите на Peugeot семејството во Македонија – Каролина, Калиопи и Влатко Лозаноски.

Задоволни сме од квантитетот и квалитетот на профилот на апликантите. Нè радува тоа што да се вози Peugeot 301 очигледно беше предизвик за многумина. Иако изборот меѓу могуте одлични луѓе беше сериозно тешка задача, по трите круга на избор и средби со апликантите, гласовите упатија кон Зорица и Игор. Тие освоија место во автомобилот и ние срдечно им честитаме. Но, дружбата на Peugeot и граѓаните во Македонија продолжува понатаму. Затоа ве очекуваме на Плоштад Македонија на 05.11.2012 во 16:45 часот на интерактивно дружење со новиот Peugeot 301.“ – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс.


  Назад кон новости