Куманово | 13.06.2012

Свечено отворање на нов продажно-сервисен центар за Peugeot, „Васе Старт“

novosti/2012/vase_start/sl2.jpg
novosti/2012/vase_start/sl1.jpg 2 novosti/2012/vase_start/sl2.jpg novosti/2012/vase_start/sl3.jpg novosti/2012/vase_start/sl4.jpg novosti/2012/vase_start/sl5.jpg 2 novosti/2012/vase_start/sl6.jpg novosti/2012/vase_start/sl7.jpg novosti/2012/vase_start/sl8.jpg novosti/2012/vase_start/sl9.jpg novosti/2012/vase_start/sl10.jpg novosti/2012/vase_start/sl11.jpg novosti/2012/vase_start/sl12.jpg novosti/2012/vase_start/sl13.jpg novosti/2012/vase_start/sl14.jpg

Од денес (13.06.2012) Peugeot семејството брои уште еден овластен продажно-сервисен центар повеќе. Компанијата „Васе Старт“ од Куманово официјално беше именувана за Овластен дилер во рамките на Peugeot мрежата во Македонија од страна на „Еуроимпекс“ Генералниот увозник на Peugeot за Македонија. Блесна уште еден лавовски Blue Box објект, кој ќе биде на услуга на граѓаните во Куманово и околината.

Сопственикот на „Васе Старт“ г-динот Васе Велковски во радост изјави: „За да бидеме денеска тука, почнавме во далечната 1984-та година, во просторија за сервис на возила од околу 30-на м². Јас, мојата сопруга и уште неколку вработени бевме целиот тим. Бевме млади и упорни, полни со елан за успех. Низ сите овие години, преку 50-на лица, ученици и работници се обучија во нашиот сервис и дел од нив отворија сопствени работилници, на што сум особено среќен. Во 2006-та година започнавме со изградба на авто-салон со сервис од 1,600 м² на земјиште од 3,000 м². После не цели 6 години, сме тука заедно на отварањето на овој салон.

Како резултат на нашата професионалност и пред се квалитет на услугите, во текот на овие, се здобивме со голема доверба кај нашите клиенти. Особено сум горд што овде ќе се продава и сервисира брендот Peugeot, кој ужива висок степен на имиџ и голема доверба кај купувачите. За да се биде дел од овој бренд, требаше да се задоволат многу критериуми и стандради. Се подготвувавме темелно и долгорочно! Создадовме едуциран и искусен тим, со кој ги остваривме очекувања на Еуроимпекс со што верувам дека ќе ги исполниме и Вашите очекувања.“

Гостите беа поздравени и од страна на Генералните директори на „Еуроимпекс“.

„Еуроимпекс“ одбележа 22 години постоење, 22 години развој, инвестирање и успешно опстојување на пазарот!

Низ сите овие години, активно совладуваќи пречки и учејќи од сопственото искуство прераснавме во деловен центар, кој функционира според највисоките стандарди на Automobiles Peugeot и со континуирано присуство во листата 200 најуспешни компании во Македонија.

Формиравме цверста дилерска мрежа, широко распространета по територијата на земјава, правејќи го брендот Peugeot достапен до сите граѓани на Републикава.“ – изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

„Peugeot брендот е бренд со најширока продажно-сервисна мрежа во Републикава. Со годините докажавме дека сме одличен пријател во процесот на купување, но најверен другар во пост-продажниот период, а во Македонија сме најпродаван бренд од аспект на вкупната продажба на возила.

Како генерален увозник, многу внимателно избираме кому искажуваме доверба и кој може да биде член во Peugeot мрежата, бидејќи пред сè тука сме - постоиме и работиме за клиентите, за Вас.

Ние веруваме во нашата дилерска мрежа и нејзиното функционирање се темели на имплементирање на стандардите на Automobiles Peugeot. Денес имаме чест да сме присутни на отворање на уште една дилерска точка за Peugeot во Македонија. Веруваме и во компанијата, во тимот на „Васе Старт“ – затоа сме и денес тука – да пружиме рака и да ја започнеме соработката.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

Церемонијалното пресекување на сината лента го официјализираше работниот старт на компанијата „Васе Старт“ како Овластен дилер за Peugeot и го одбележа официјалното отворање на уште еден Blue Box во Македонија.


  Назад кон новости