Скопје | 16.11.2013

Peugeot тимот со 208 S-line, прво-пласиран на Авто Релито за оваа година

novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl12.jpg
novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl12.jpg 2 novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl1.jpg 2 novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl2.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl3.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl4.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl5.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl6.jpg 2 novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl7.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl8.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl9.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl10.jpg novosti/2013/avto_reli_gazi_baba_2013/sl11.jpg 2

Во организација на АКК Примо АВЈ на 16.11.2013 гoдина во Општина Гази Баба стартуваше Авто Рели - Гази Баба 2013. Релито се состоеше од три етапи кои беа возени по градска траса во Скопје, каде натпреварувачите почитувајќи ги сообраќајните знаци, требаше да пристигнат до контролните точки и саканата цел за одредено време. Во вториот дел од релито беше одржана и гимкана (спретно возење), каде возачите има прилика да ги измерат своите сили и знаења во прецизно возење.

Во категоријата „импортери“, првото место го освои Еуроимпекс, генерален увозник на Peugeot за Македонија, со возило Peugeot 208, управувано од Васил Стамболиски, веднаш по него следеше Porsche Macedonia, а третото место му припадна на импортерот Тоyota.

„ Покрај натпреварувачкиот карактер, на овој настан представивме три модели на Peugeot и одлично се дружевме со сите учесници. Еуроимпекс, како генерален увозник на Peugeot за Македонија, зема учество со Peugeot 208 S-line, со градскиот crossover Peugeot 2008 и со семејниот Peugeot 301. Во ова рели, перформансите на возилата не беа од пресудно значење, пресуден фактор за резултатот имаше спретноста на возачот, тимската уиграност со совозачот како и почитувањето на сообраќајните правила.“ – изјави Васил Стамболиски, Директор на пост-продажба.

Настанот исто така беше разубавен со олдтајмери, каде Еуроимпекс се претстави со својот Јеep Kaiser од 1967 година, кој заедно со велосипедот со мотор Rog Pony Express, побудија најголемо внимание кај присутните.

Настанот беше одржан во најдобар ред и на највисоко ниво, придружуван од градоначалникот на Град Скопје, како и министерката за внатрешни работи и истиот прерасна во одличен натпревар, проследен во одлична атмосфера и големо расположение кај сите учесници.


  Назад кон новости