Скопје | 22.10.2013

Промоција на брзи каросериски поправки на ТЕХНОМА 2013

novosti/2013/brzi_popravki/sl1.jpg
novosti/2013/brzi_popravki/sl1.jpg 2 novosti/2013/brzi_popravki/sl2.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl3.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl4.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl5.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl6.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl7.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl8.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl9.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl10.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl11.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl12.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl13.jpg novosti/2013/brzi_popravki/sl14.jpg

Оваа година Лимаро-фарбарскиот сервис на Еуроимпекс ДОО прослави 6-годишнината од своето постоење со воведување на нови услуги подостапни за своите клиенти, со кои со мала инвестиција клиентите ќе можат да го разубават својот миленик. Се работи за поправки како што се:

  • Поправка на гребаници (метод 1), каде со конвенционалниот метод на поправка, за цена од 3.000 мкд, може да се поправат гребаници на единечен каросериски дел од возилото,
  • Полирање на фарови, каде за цена од 600 мкд по фар, може да се направат фаровите да бидат како нови, со што се влијае на видливоста како активен елемент на безбедност при управувањето на возилото,
  • Поправка на скршеници на предно ветробранско стакло, каде за 2.800 мкд по поправка, може да се поправи пукнатина во пречник на монета од 2 денари, со што се елиминира можноста за ширење на пукнатината,
  • Поправка на гребаници (метод 2), каде со користење на сетот на налепници Stickerfix, во боја на возилото, за цена од 2.100 мкд може сами да ја санирате гребаницата на возилото.

Овие поправки беа презентирани за времетраењето на саемот ТЕХНОМА 2013, во период од 15-19.10.2013, на кој голем број на посетители и потенцијални купувачи ги проследија презентациите, кои нудат поголема грижа за нашите клиенти.

Како најголеми наши клиенти беа поканети и Осигурителните компании, за кои на 18.10.2013 година, со почеток во 14,00 часот беше организирана специјална презентација, по која следеше коктел дружење. На презентацијата присуствуваа претставници на сите Осигурителни компании и истите беа воодушевени и видно задоволни од презентираните пакети за брзи каросериски поправки.

Еуроимпекс ДОО, на овој начин уште еднаш ја покажа грижата кон своите клиенти.


  Назад кон новости