Скопје | 25.06.2013

Superbrands признание за „Еуроимпекс“

novosti/2013/superbrands.jpg

Брендот е додадена вредност на компанијата кој е резултат на карактеристиките кои ја издвојуваат една компанија од другите на пазарот. Тој се одликува со квалитет, препознатливост, веродостојност и емотивност... или кусо речено, доверба и лојалност.

„Еуроимпекс“ е компанија основана 1990 година и веќе долго време е синоним за стабилен бренд на македонскиот пазар. Оваа година истово è и официјално потврдено, преку доделувањето на признанието „Superbrands 2013/14“.

Superbrands признанието се доделува во 92 земји, а сè започнало 1994 година во Лондон кога BBC донел одлука дека е потребно на јавноста транспарентно да ú се посочи кои брендови во одредени пазари се ценети, препознатливи и ја имаат лојалноста на луѓето. Во Македонија, ова е трет пат како се доделува признанието Superbrands.


  Назад кон новости