Скопје | 15.11.2013

НОВИОТ Peugeot 308, импресивен во секој поглед!

novosti/2013/prezentacija_308/sl1.jpg
novosti/2013/prezentacija_308/sl1.jpg 2 novosti/2013/prezentacija_308/sl2.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl3.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl4.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl5.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl6.jpg 2 novosti/2013/prezentacija_308/sl7.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl8.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl9.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl10.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl11.jpg 2 novosti/2013/prezentacija_308/sl12.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl13.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl14.jpg novosti/2013/prezentacija_308/sl15.jpg

Префинет дизајн, full Led технологија, i-Cockpit со голем мултифункционален екран на допир, фокусиран на потребите и чувствата, агилен, беспрекорно држење на патот, избор на моќни и економични мотори и сосема НОВО чувство при возењето. НОВИОТ Peugeot 308, фасцинира и освојува уште при првиот поглед!

„За прв пат, блесна во Франкфурт и ги преплави медиумите со најпозитивни критики на професионалните автомобилски новинари ширум светот. Најавите не стивнаа и со сè поголемо нетрпение се очекува неговата достапност за продажба, како во Европа така и кај нас.

Со гордост може да кажам, дека ние сме една од првите земји кои успеавме, за вака кратко време, да го донесеме овој модел...“ – изјави Генералниот директор на Еуроимпекс, г-динот Кирил Воиновски и го најави НОВИОТ Peugeot 308.

НОВИОТ лав, гордо ја покажа својата става, блеснувајќи во салонот на Еуроимпекс. Надворешноста на прв поглед ќе плени со својот префинет дизајн, елеганција, мускулеста става и динамичност.

Предните лед светла, целосно се изработени со лед технологија, давајќи му на НОВИОТ Peugeot 308 восхитувачки шарм кој ќе ве освои уште при првиот поглед. Овој современ извор на светлина е застапен и кај задните стоп светла во форма на лавовски канџи, како и кај покажувачите на правец.

НОВИОТ Peugeot 308 има сосема нова архитектура во внатрешноста,... Со иновативен i-Cockpit кој кај возачот уште при самиот старт, побудува комплетно ново чувство при возењето.

Фигуративно, „избришани“ се сите непотребни елементи во предниот дел, препуштајќи ги сите потребни команди на 9,7 инчниот екран осетлив на допир. Тој е соодветно поставен – повисоко, во пределот на погледот и сосема доволно накосен кон возачот, при што овозможува брз пристап за подесување на контролите со голема леснотија и удобност.

Малиот компактен управувач, совршено се вклопува во НОВИОТ префинет дизајн на внатрешноста. А, со овој управувач, со зголемената удобност при седењето и новата звучна изолација, НОВИОТ Peugeot 308, секое ваше патување ќе го прертвори во оаза на мир и задоволство.

НОВИОТ Peugeot 308, има 140 kg помалку, од неговиот претходник, а поседува сè што современиот потрошувач посакува:

  • фантастичен дизајн,
  • лесна управливост,
  • најнова технологија,
  • одлична опременост
  • ергономија, одлилична звучна изолација и удобност при возењето,
  • голем багажен простор од 470 литри,
  • беспрекорно држење на патот,
  • системи за активна и пасивна безбедност,
  • моќни, екомомични и еколошки мотори.

НОВИОТ Peugeot 308, понудува 3 бензински и 2 дизел агрегати.

1.2 VTi моторот со 82 КС и мануелен менувач со 5 брзини. Како и 1.6 бензинскиот агредат со 125 КС и 155 КС кои се бензински мотори со менувачи кои имаат 6-ст степени на пренос.

Од дизел агрегатите може да се избира меѓу: 1.6 HDi со 92 КС и мануелен менувач со 5 брзини и 1.6 e-HDi моторот со 115 КС и мануелен менувач со 6 брзини.

НОВИОТ Peugeot 308 плени и освојува. Покрај сите новитети и најнапредната технологија, НОВИОТ Peugeot 308 е достапен во 10 бои, на клиентите останува само да се изберат!


  Назад кон новости