Скопје | 30.06.2013

Peugeot 2008 премиерно пред јавноста за шестото издание на Францускиот филмски Фестивал

novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl10.jpg
novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl1.jpg 2 novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl2.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl3.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl4.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl5.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl6.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl7.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl8.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl9.jpg novosti/2013/peugeot_2008_i_francuski_filmski_festival/sl10.jpg

Овој фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација која има големо значење за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм и да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.

Во изминатите 6 години брендот Peugeot е верен пријател на Фестивалот на француски филм. Оваа година отворањето и затворањето на Фестивалот го одбележа градскиот crossover, новиот Peugeot 2008. Градскиот crossover ги дочекуваше и испраќаше гостите на Фестивалот, најавувајќи повторна дружба.

Шестото издание на Фестивалот на француски филм, годинава наместо во Охрид, стартуваше на 26 јуни, од скопскиот „Сити мол“ со комедијата „Камиј повторува“ на режисерката Ноеми Лвовски. Охрид ќе биде домаќин со три фестивалски денови во чии рамки се предвидени проекции на седум долгометражни и три документарни филмови од најновата француска кинематографија. Фестивалот за отворен го прогласи, Амбасадорката на Франција Н.Е Laurence Auer, а свое поздравно обраќање имаа и режисерката Сандрин Поже и Директорот на Домот на аудиовизуелна дејност во Каен-Долна Нормандија,г-дин Гијом Деланд.

Свеченото затворање, беше во Охрид во Домот на Културата „Глигор Прличев“ со обраќањето на Амбасадорот на културата г-динот Јордан Плевнеш, по што беше извршена и проекцијата на последниот филм на Фестивалот „Последната изборна кампања“ на Бернар Стора.


  Назад кон новости