Скопје | 27.06.2013

Градскиот авантурист Peugeot 2008, пристигна во Македонија

novosti/2013/peugeot_2008/sl1.jpg
novosti/2013/peugeot_2008/sl1.jpg 2 novosti/2013/peugeot_2008/sl2.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl3.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl4.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl5.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl6.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl7.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl8.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl9.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl10.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl11.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl12.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl13.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl14.jpg novosti/2013/peugeot_2008/sl15.jpg

„Peugeot 2008 слободно можеме да го наречеме градски авантурист. Кај овој модел успешно е извршена комбинација меѓу традициите на брендот и компактната природа на урбаното возило, истовремено задржувајќи ја смелоста и цврстината на модерниот crossover. Напред го карактеризираат стилски и рељефни линии, кои манифестираат безбедност и сила. Динамична кровна линија, со елегантен свиок над задните врати е во функција да обезбеди повеќе простор за патниците во кабината. Одзади пак, над багажникот се забележува стилски процеп кој е инспирација од спортскиот RCZ и со динамичните стоп светла во форма на лавовски канџи го дополнуваат ионака веќе смелиот дизајн на овој crossover.“ – посочи Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс.

Должината на 2008 изнесува 4.159 mm, висината 1.556 mm, а вкупната широчина вклучувајќи ги ретровизорите изнесува 2.004 mm. Високо поставеното подвозје, на 165 mm од земјата, овозможува беспрекорно движење и по нерамен терен. Утоварниот праг е позициониран на 600 mm од земјата, што овозможува предметите во багажниот простор да бидат внесени со леснотија. За поедноставување на истиот процес, подот е опремен со 5 шини кои се простираат од прагот до предните седишта. Задната клупа кај crossover-от 2008 е делива 1/3 и 2/3, при што се добива рамен под. Товарниот простор е импресивен и се движи од 650 dm3 до1.194 dm3.

Внатрешноста ќе Ве воодушеви со своите елегантни и избалансирани линии. Прегледната инструмент табла и прецизната завршна обработка со фини материјали и сатенски финиш, го надополнуваат уживањето во авантурите.

„Комфорот кај crossover –от 2008 ќе го почувствувате уште при самото удобно сместување во седиштата. Истите се изработени така да овозможуваат странична потпора при возењето, а и нивната анатомска конструкција овозможува дополнителна потпора на лумбалниот дел. Внатрешноста нуди голема просторност за патниците во кабината. Високиот степен на ергономија, добиен при правилно осмислените и поставени елементи Ви овозможува сè да имате во видното поле и на дофат на рака, што индиректно ја зголемува и безбедноста при управувањето. За поголем комфор, кај 2008 достапни се: Grip Control, Hill Assist и Park Assist функциите.“- истакна Деан Јадровски, Директор на продажба на возила кај импортерот „Еуроимпекс“.

Новиот crossover Peugeot 2008, доаѓа во 3 нивоа на опременост и 6 типа мотори, од кои како најатрактивни, со ниска потрошувачка и пријателски настроени кон екологијата преку ниска емосија на Co2 се посочуваат e-VTi и e-HDi верзиите.

„Најновата е-VТi (е-бензин) технологија очекуваме да биде достапна со почетокот на 2014 година, а во меѓувреме со задоволство можеме да ги понудиме 1.6 e-HDi (е-дизел) моторите со 92 и 115 КС и “stop & start“ систем.

Безбедноста кај новиот crossover 2008 е силна страна. Воздушни перници (за возач и совозач, 2 странични перници и 2 воздушни завеси), ESP (програм за електронска стабилност), ABS (функција против блокирање на тркалата), ASR (систем против пролизгување на тркалата), EBV и CBC (електронска распределба на силата при кочење), AFU (помош при нагло сопирање), MSR (автоматско ресетирање), систем за интелигентна контрола на тректоријата и Izofix системот со 4-ри точки на прицврстување, се само дел од елементите кои се грижат за активната и пасивната безбедност во новиот 2008.“– посочи Томислав Нафидов, Бренд менаџер за Peugeot во Македонија.

Со лансирањето на новиот crossover 2008, во Peugeot владее големо задоволство. Официјалното производство стартуваше во април оваа година и заклучно со 05-ти јуни производителот имаше 16.900 порачки за производство. Од Еуроимпекс пренесуваат дека интересот за 2008, воглавно се темели за највисокото таканареченото, Allure ниво на опременост.


  Назад кон новости