Скопје | 17.06.2013

Peugeot имаше дружба во парк и промовирање на новата веб страна

novosti/2013/luna_park/sl1.jpg
novosti/2013/luna_park/sl1.jpg 2 novosti/2013/luna_park/sl2.jpg novosti/2013/luna_park/sl3.jpg novosti/2013/luna_park/sl4.jpg novosti/2013/luna_park/sl5.jpg novosti/2013/luna_park/sl6.jpg novosti/2013/luna_park/sl7.jpg novosti/2013/luna_park/sl8.jpg novosti/2013/luna_park/sl9.jpg novosti/2013/luna_park/sl10.jpg novosti/2013/luna_park/sl11.jpg novosti/2013/luna_park/sl12.jpg

Овој викенд во Луна паркот во Скопје, Peugeot приреди големо дружење со семејствата посетители на забавниот парк.

Забавата да биде уште поголема, заштитното лице на Еуроимпекс и вљубеникот во Peugeot брендот: Влатко Лозаноски – Лозано, со своето присуство ги радувше најмалите подарувајќи им Peugeot боенки и балони со неговиот потпис.

“Новото руво на веб порталот на Peugeot во Македонија! Тоа е причина повеќе за прославување. Иако претходната страна ги застапуваше во целост насоките на брендот, сепак се одлучивме да понудуиме поголемо уживање за сите посетители, зголемена прегледност на сите информации и пријателска страница за сите корисници. Верувам дека ќе ви се допадне.

Воедно, интересот за Peugeot 208 и семејниот Peugeot 301 е сè поголем. Затоа и ја одбравме оваа локација за да се дружиме со семејствата кои деновите од викендот ги минуваат во паркот. Приредивме забава ú за најмалите ú за нивните родители.

Изложивме Peugeot 301 и 208, а на тест воење можеме со гордост да ги понудиме бензинскиот и дизел агрегатот на семејниот миленик 301. Акцентот го насочивме кон Peugeot 301, кој во рамките на манифестацијата „Автомобил на годината“, ја понесе титулата „Најадекватен автомобил за Македонскиот пазар“. Во периодов сме активни и со специјална понуда за овој модел, каде истиот го понудуваме и со плински уред со 4-ри години гаранција за 10.990 евра. Интересот е сè поголем, а нас тоа нè радува.“– изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс.

Automobiles Peugeot, уште при самиот старт на создавање на 301 беше сигурен во себе. Го користеше своето долгогодишно искуство и експертиза и ја постигна целта! Создадено е возило соодветно за различни услови на патот и широк дијапазон на термературни разлики. За да го докаже ова, Peugeot 301 имаше свое грандиозно патување... Изминати беа преку 10.000 километри, минувајќи преку 3 континенти и 17 земји, а Македонија беше една од нив.

Кај Peugeot 301 сè е некако во знакот на „ТРИ“ – 3 нивоа на опременост, 3 менувачи и 3 типа на мотори... За сите љуботпитни и заинтересирани, Еуроимпекс им овозможува тест возење во било кој ден од неделата.


  Назад кон новости