Скопје | 30.05.2013

Професионалците на PEUGEOT во Македонија, победници во светскиот натпревар во пост-продажбата

novosti/2013/pobednici_post_prodazhba/sl1.jpg
novosti/2013/pobednici_post_prodazhba/sl1.jpg 2 novosti/2013/pobednici_post_prodazhba/sl2.jpg novosti/2013/pobednici_post_prodazhba/sl3.jpg novosti/2013/pobednici_post_prodazhba/sl4.jpg

Нашата мрежа со Еуроимпекс како импортер, победи во натпреварувањето за пост-продажба, што им појде од рака само на уште неколку европски земји како: Албанија, Бугарија, Романија, Малта и Естонија.

Како победник на натпреварувањето, беше поканет Г-дин Васил Стамболиски, одговорен за Пост-продажба да присуствува на доделувањето на признанието освоено како резултат на високо постигнатите резултати.

Automobiles Peugeot, веќе 10 години е учесник на натпреварувања организирани во светски рамки на ниво на импортери од страна на Принципалот. Во натпреварувањата се зададени задачи со чие исполнување се добиваат поени со кои се вреднува работењето на импортетот во земјата, како и на неговата овластена сервисна мрежа. Натпреварувањето се однесува на: пост-продажните активности, резервните делови и дополнителната опрема и сервисните промоции.

Доделувањето на признанијата се случи на 23.05.2013 год во конгресната сала на Sofitel Ajaccio Corsica, а претходеше пригоден говор наменет кон Еуроимпекс ДОО и неговата пост-продажна мрежа од страна на г-дин Серж Хабрант, Раководител на одделот за пост-продажба и резервни делови во Automobiles Peugeot за Европа. За време на говорот беа споменати одличните резултати постигнати од страна на Еуроимпекс, напоменувајќи ги:

  • големиот дел на промоции на резервни делови и сервис,
  • прекрасната промоција на 208,
  • организираните тест возења како добра практика за анимација на купувачите,
  • ипмементацијата и водењето на Facebook како алатка за информирање,
  • Facebook страната користена за промоција на пост-продажните активности,
  • организираните обуки и натпреварувања за сервисните советници.

Овоа наградно признание како потврда за сработеното, дополнително ги мотивираше професионалците на Peugeot во Македонија за постигнување на уште повисоки резултати.

Во продолжение следат неколку слики од долелувањето на наградите...


  Назад кон новости