Скопје | 04.03.2014

Peugeot 308 – Автомобил на годината во Европа за 2014 година!

novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl1.jpg
novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl1.jpg 2 novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl2.jpg 2 novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl3.jpg 2 novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl4.jpg novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl5.jpg 2 novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl6.jpg 2 novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl7.jpg 2 novosti/2014/308-Car-of-the-year/sl8.jpg 2

Францускиот лав Peugeot 308, освои 307 поени, победувајќи со голема разлика далеку пред второпласираниот BMW i3 со 223 и третопласираниот Tesla Model S со освоени 216 поени.

Наградата ја предаде Hakan Matson, претседател на жирито, а ја зема Maxime Picat, претседателот на Peugeot. Тој изјави:

„Со новиот 308 сигурни сме дека направивме скок во концептот, технологијата и квалитетот кој го обезбеди овој подиумски финиш во Европа. Престижната награда за Европски Автомобил на Годината за 2014 која денес ја преземам во име на сите во Peugeot кои имаа удел во развивањето на 308 е показател токму за ова!“

На Peugeot ова му е четврта титула Европски автомобил на годината – Peugeot 307 (2002 година), Peugeot 405 (1988 година) и Peugeot 504 (1969 година).

Листа на финалисти заедно со поените кои ги освоија:

1. Peugeot 308 – 307 поени,

2. BMW i3 – 223 поени,

3. Tesla Model S – 216 поени,

4. Citroen C4 Picasso – 182 поени,

5. Mazda 3 – 180 поени,

6. Škoda Octavia – 172 поени и

7. Mercedes-Benz S klase – 170 поени.


  Назад кон новости