Белград | 17.11.2014

УВОЗНИКОТ НА PEUGEOT ОД МАКЕДОНИЈА – НОВ ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК ЗА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА

novosti/2014/autogroup/sl1.jpg
novosti/2014/autogroup/sl1.jpg 2 novosti/2014/autogroup/sl2.jpg 2 novosti/2014/autogroup/sl3.jpg 2 novosti/2014/autogroup/sl4.jpg novosti/2014/autogroup/sl5.jpg

На конференцијата за печат која се одржа на 17.11.2014 година во Белград, Србија, за прв пат беше претставена компанијата „Еуроимпекс Аутогруп“, Ексклузивен увозник за Peugeot брендот во Србија и Црна Гора, компанија која има иста сопственичка структура како и компанијата „Еуроимпекс ДОО“ од Скопје.

„Еуроимпекс ДОО“ е запишана во историјата како прва приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија, а денес е единствена компанија во автомобилската индустрија која континуирано дејствува како Генерален увозник за еден ист автомобилски бренд.

„Еуроимпекс ДОО“ работи според ISO стандардите уште од 2008 година, а за тоа дека претставува стабилен бренд на пазарот сведочи и признанието доделено од Superbrends за 2013/2014 година.

„Сопственичката структура на компанијата, не е за прв пат на српскиот пазар. Од декември 2009 година го застапуваме Mitshubishi Motors преку компанијата „Иното Моторс“. Секој пазар има своја структура и препознатливост, а ние веќе ги совладавме потребите, можностите и желбите на потенцијалните купувачи благодарение на работењето со „Иното Моторс“ - изјави Г-дин Кирил Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс Доо.

„Сакам да нагласам дека досегашниот увозник за Србија, компанијата „Верано Моторс“ успешно го работеше и претставуваше брендот на овој пазар сиве овие години и го постави имиџот на Peugeot брендот на едно високо и завидно ниво. Соработката меѓу „Верано Моторс“ и „Еуроимпекс“ трае скоро 20 години и истата планираме да ја зајакнеме уште повеќе...

„Верано Моторс“ продолжува да работи во мрежата на Peugeot како главен дилер за Србија, со својот продажно-сервисен центар во Белград и Ниш. Политиката на Принципалот во врска со глобализацијата на увозот и дистрибуцијата ја наметнува оваа нова организација на работење. Јас верувам во нашиот професионален тим и ќе го искористиме сиот наш „know-how“ со целиот потенцијал и искуство кое го поседуваме, за да ги пренесеме вистинските вредности на брендот и да имаме мноштво задоволни Peugeot клиенти" - изјави Г-дин Даниел Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс Доо.

Примарната цел на компанијата е да формира силна продажно-сервисна мрежа како би можела по највисоките стандарди да води грижа за сегашните сопственици на Peugeot моделите, независно во кој крај на Републиките живеат, а наша долгорочната цел се задоволни и лојални клиенти.

Неодамна, групацијата PSA целосно ја промени својата стратегија, позиционирајќи го Peugeot брендот на едно скалило погоре, правејќи одличен спој помеѓу традиционалните и современите вредности. Со денешните модели на Peugeot брендот, кои ја сочинуваат најмладата гама до сега, во која нема ниту еден модел постар од 3 години, Peugeot брендот се движи со сигурни чекори напред, освојувајќи ги пазарите и зголемувајќи го пазарниот удел.

„Еуроимпекс Аутогруп“ ја започна својата прва кампања со Европскиот автомобил на годината Peugeot 308. Со тоа сите идни купувачи на Peugeot патничко возило, ќе добијат петгодишна гаранција, која сведочи за врвниот квалитет, економичните мотори како и новата ефикасна технологија. Наскоро во јавноста ќе биде претставен и новиот редизајниран Peugeot 508. Во периодот кој следи, сите сопственици на Peugeot возила, ги очекуваат нови сервисни акции, како за возила кои се во гарантен рок, така и за оние на кои им е истечена гаранцијата.


  Назад кон новости