Скопје | 03.07.2014

Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија и Црна Гора

novosti/2014/objekt.jpg

Со цел да го загарантира својот развој, Automobiles Peugeot донесе одлука да примени регионална стратегија за увоз и дистрибуција во Балканските земји. За таа цел, Automobiles Peugeot го прошири своето партнерство со „Еуроимпекс“. Со ова, од 01-ви Јули 2014 година, „Еуроимпекс“ прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот Peugeot во Македонија, Србија и Црна Гора. Основана во 1990 година, „Еуроимпекс“ ја започнува својата активност со Peugeot во 1992 година, а за време на изминатите 22 години постигнува значителни резултати во Македонија.

По анализата на различни бизнис проект-насоки кои беа презентирани од повеќе кандидати, Automobiles Peugeot се одлучи за избор на „Еуроимпекс“, со чиј проект најдобро се демонстрира визијата за иднината на брендот Peugeot во овој регион.

„Доверена ни е многу сериозна задача од страна на Принципалот. За „Еуроимепкс“ ова претставува значаен предизвик, но и сериозна обврска.“ – изјави Г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

„Ова е историски момент, како за „Еуроимпекс“ така и за брендот. И понатаму продолжуваме да работиме во насока да преку постигнатите резултати, ја оправдаме укажаната доверба од Automobiles Peugeot.“ – додаде Г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

Имајќи го во предвид долгогодишното искуство со брендот, „Верано Моторс“, претходниот увозник на Peugeot во Србија и Црна Гора, ги продолжува своите активности во соработка со „Еуроимпекс“ како негов главен дилер.


  Назад кон новости