Скопје | 31.05.2014

IX-тата МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА СО ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА И ГОЛЕМОТО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ НА МОДЕЛИТЕ НА PEUGEOT

novosti/2014/old/sl1.jpg
novosti/2014/old/sl1.jpg 2 novosti/2014/old/sl2.jpg 2 novosti/2014/old/sl3.jpg 2 novosti/2014/old/sl4.jpg novosti/2014/old/sl5.jpg 5 novosti/2014/old/sl6.jpg 2 novosti/2014/old/sl7.jpg novosti/2014/old/sl8.jpg 2 novosti/2014/old/sl9.jpg 2 novosti/2014/old/sl10.jpg novosti/2014/old/sl11.jpg 2 novosti/2014/old/sl12.jpg 2 novosti/2014/old/sl13.jpg novosti/2014/old/sl14.jpg 2 novosti/2014/old/sl15.jpg novosti/2014/old/sl16.jpg 2

Денес, „Еуроимпекс“, Генералниот увозник за Peugeot во Македонија, беше домаќин на IX-тата по ред меѓународна изложба со историски возила која се одржа на локација на Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје.

„Денес сме домаќини на 85 историски примероци и тоа 85 историски возила од кои 11 се од брендот Peugeot и 15 мотоцикли. Кога ќе се „повлече“ паралела, очигледен е заклучокот дека локацијата за оваа меѓународна изложба со историски возила е мошне внимателно избрана. Имено, „Еуроимпекс“ е една од првите приватни компании во Македонија, а Peugeot брендот пак е познат по својата повеќе од 200-те годишна историја“ – изјави Генералниот директор на „Еуроимпекс“, г-динот Кирил Воиновски по што, и свечено ја прогласи изложбата за отворена.

Љубители на автомобилизмот, пасионирани сопственици на олд тајмери, ведри, насмеани лица и многу посетители гости... Историските возила и големото тест возење на Peugeot вдахнаа свежина овој викенд во Скопје. Карактеристично за оваа IX-та изложба беше:

  • Најстаро изложено возило беше возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година.
  • Најстаро Peugeot возило на оваа IX-та по ред изложба, беше возилото Peugeot 404, произведено во 1968 година.
  • Посетителите имаа можност да го видат и мотоциклот Yawa, произведен во 1930 година кој беше и најстар моторцикл на оваа изложба.
  • Интересен примерок беше и една од највозените веспи во поранешна Југославија, веспата NSU Pretis Precis.

Покрај IX-тата изложба со историски возила, посетителите уживаа во тест возењето на Peugeot.

„Интересот за тест возење беше навистина голем. Европскиот автомобил за 2014-та година, новиот Peugeot 308, беше најпосакувано возило за тест но, не заостануваа ни другите модели. На овој настан за прв пат во Македонија, сите заинтересирани лица имаа можност да направат компаративно тест возење на тјунирано и нетјунирано возило. За таа цел имаме на располагање две возила од новиот Peugeot 308 1.6 HDi мотор.“ – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс.

„Оваа IX-та по ред меѓународна изложба со историски возила е една од најголемите кои досега се реализирале во Македонија. Ни беше голема чест да соработуваме со сите приватни лица и создадеме можност да ги претстават своите олд тајмери на македонската јавност. Оваа година изложбата броеше речиси дупло повеќе изложувачи од минатата година, а доколку се навратам во минатото, беше и најпосетена изложба досега.“ – изјави г-динот Димитрије Пеливанов, Претседател на АМК Џип рели спорт“ и Делегат на оваа изложба.


  Назад кон новости