Скопје | 17.10.2014

PEUGEOT КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА НА „ТЕХНОМА 2014“

novosti/2014/boxer_tehnoma/sl3.jpg
novosti/2014/boxer_tehnoma/sl1.jpg 2 novosti/2014/boxer_tehnoma/sl2.jpg 2 novosti/2014/boxer_tehnoma/sl3.jpg 2 novosti/2014/boxer_tehnoma/sl4.jpg novosti/2014/boxer_tehnoma/sl5.jpg 5 novosti/2014/boxer_tehnoma/sl6.jpg 2

Новиот Peugeot Boxer, ќе ги задоволи сите потреби на професионалците

Еуроимпекс, Генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија и Црна Гора, на саемот „Технома“ го претстави новиот Boxer пред Македонската јавност, како и целата товарна гама.

Од импортерот посочија дека новиот Peugeot Boxer e возило наменето за професионалци кои бараат врвен квалитет, ефикасност и економичност. Располага со сосема нов и современ дизајн со значително изменет преден дел. Нов облик на фаровите, стандардни дневни светла и светла со LED технологија како опција. Предниот браник е испакнат повеќе отколку кај претходникот. Двете кружни вдлабувања во долниот дел се наменети за светла за магла.

„Професионалците во Peugeot имаат извршено темелно тестирање на издржливоста, на секој елемент кај новиот Boxer. При што во тој процес на тестирање новиот Boxer има изминато преку 4.000.000 км во екстремни услови, на различни терени, дури и на терени со големо оштетување. Воедно, направени се и тестирања во климатска комора и тестови од корозија со цел да се обезбеди максимален квалитет и издржливост.

Срцето на новиот Boxer има подобрени перформанси. Системот за вбризгување кај 2,2 дизелските мотори, е целосно редизајниран што директно го зголемува степенот на ефикасност. Еуро 5 моторите кај овој модел се фокусирани кон ниска потрошувачка и ниска емисија на CO2.“ – истакна Ивана Манчева, Маркетинг директор.

Во зависност од бизнис потребите, кај новиот Boxer професионалците можат да изберат меѓу: 4-ри должини и 3 висини, 8 корисни волумени и тоа од 8 до 17m3 како и различни носивости кои се директно зависни од изборот на мотор и изведбата и можат да варираат од максимални 1.155 до 1.900кг. Воедно, ова возило ќе одговори на сите барања, овозможувајќи избор меѓу: затворен и застаклен фургон, фургон со 2 реда седишта, минибус за превоз на патници, сандучар со кабина или двојна кабина, шасија со кабина или двојна кабина.

Automobiles Peugeot е сигурен дека има создадено возило кое ги пресретнува потребите на професионалците.


  Назад кон новости