Скопје | 09.01.2014

Peugeot 3D каталог – прв во автомобилската индустрија во Македонија

novosti/2014/3D/sl1.jpg
novosti/2014/3D/sl1.jpg 2 novosti/2014/3D/sl2.jpg 2 novosti/2014/3D/sl3.jpg 2 novosti/2014/3D/sl4.jpg novosti/2014/3D/sl5.jpg novosti/2014/3D/sl6.jpg novosti/2014/3D/sl7.jpg novosti/2014/3D/sl8.jpg

Тимот на Peugeot во Македонија, одлично ја заврши годината со презентација на својот најнов проект.

3D каталог за Peugeot моделите кој е и првиот 3D каталог во автомобилската индустрија во Македонија. Истиот е изработен во 3D димензија видлива исклучиво со 3D очила која се содржи во фотографиите и ѝ дава паралелно чувство на доживување на автомобилот.

Овој 3D каталог, од идеа до реализација беше спроведен од маркетинг тимот на Еуроимпекс. Врвната изработка на 3D ефектот на фотографиите и целосната техничка обработка на каталогот е дело на Ирена Зазоска, веб програмер и одговорна за порталите на Еуроимпекс, додека пак, за содржината и информациите одговорни беа Ивана Манчева, маркетинг директор на Еуроимпекс и Ана Николоска, маркетинг асистент.

„Да се создаде 3D каталог, претставува нишка повеќе во групата проекти и активности кои тековно ги превземаме, за да на взаемно задоволство ја оправдаме укажаната доверба." – изјави Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

„Овој 3D каталог, ќе го одбележи крајот на минатата и почетокот на оваа година во знакот на Peugeоt." – изјави Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

„Одлучивме Peugeot моделите да ги презентираме на еден специфичен и пореален начин. Водени од потписот на Peugeot брендот кој гласи Motion & Emotion (движење и емоција), преку 3D каталогот, перцепцијата и емоциите го носат читателот поблиску до реалноста.“ – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс.

На потенцијалните клиенти им останува да уживаат, водени низ страните на импресивниот 3D каталог со моделите на Peugeot.


  Назад кон новости