Скопје | 10.01.2014

Трофеј за освоено прво место на пост-продажниот тим на Еуроимпекс

novosti/2014/post_prodazhba_nagrada/sl1.jpg
novosti/2014/post_prodazhba_nagrada/sl1.jpg 2 novosti/2014/post_prodazhba_nagrada/sl2.jpg 2 novosti/2014/post_prodazhba_nagrada/sl3.jpg 2 novosti/2014/post_prodazhba_nagrada/sl4.jpg

Во периодот од 19-22.11.2013 година во Sochaux Франција беше одржан годишниот состанок од страна на Automobiles Peugeot, насловен како Annual Peugeot Parts & Service Importers Meeting NOVEMBER 2013, на кој како претставници од Еуроимпекс ДОО Скопје како генерален импортер на Peugeot за Република Македонија присуствуваа:

Васил СТАМБОЛИСКИ – Директор на Пост-Продажба и Сервис и Претставник на раководството за квалитет,

Зоран СЕРАФИМОВСКИ – Директор за Резервни Делови.

На состанокот учество зедоа над 150 претставници на импортерите во земјите од светот. Истиот се одржа во музејот на стари возила Aventure Peugeot, во Sochaux, каде се изложени сите производи на брендот од нејзиното настанување пред повеќе од 200 години до денес. Направена беше статичка презентација на новиот Peugeot RCZ R, како и посета на работилницата во која се реставрираат Peugeot олдтајмерите. За време на состанокот беше направена посета на Vesoul светскиот логистички центар за резервни делови и дополнителна опрема и на најстарата фабрика за производство на нови возила во Sochaux-Montbeliard, која работи уште од 1912 година и во неа се произведуваат: Новиот 308, 3008, 5008, и DS4.

Во конкуренција на 56 земји пост-продажниот тим на Еуроимпекс ДОО и неговата сервисна мрежа го освои 1 (првото) место за најуспешно извршување на пост-продажните активности за 2012та година во група 3 и од страна на г-дин Piere-Luis COLIN (Генерален директор на DSP – Direction Service e Piece), а во присуство на г-дин Serge Habrant Директор за сервис и делови на Европа, како и на сите зона менаџери, беше доделен трофејот за освоеното прво место.

На овој начин пост-продажбата на Еуроимпекс ДОО и неговата сервисна мрежа покажа дека ги исполнува барањата на принципалот и работи по неговите стандари, а во насака на задоволување на потребите на купувачите и нивно зголемено задоволство.


  Назад кон новости