Скопје | 03.03.2014

"Еуроимпекс" од сега и со професионално тјунирање на сите брендови на возила

novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl1.jpg
novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl1.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl2.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl3.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl4.jpg novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl5.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl6.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl7.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl8.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl9.jpg 2 novosti/2014/profesionalno-tjuniranje/sl10.jpg 2

„Еуроимпекс“ е компанија која веќе бележи 24 годишен развој во нашава земја. Често ја споменуваат како Генерален увозник за Peugeot во Македонија, но покрај тоа станува збор за сериозен застапник и на Тотал масла, Банер акумулатори и 4-ри брендови на алати. Функционираат на 2 локации во претставителни објекти по стандардите на автомобилскиот бренд Peugeot. Покрај низата поволности во пост-продажните активности за возила, во и надвор од гаранциски период, „Еуроимпекс“ официјално го објави стартот во насока на тјунирање возила.

„Чест ми е да Ве информирам дека потпишавме Договор за соработка со словенечката компанија CSS Performance Tuning и во иднина Еуроимпекс е во функција на Генерален застапник за Македонија, кога е во прашање тјунирањето возила.“ – изјави Генералниот директор на Еуроимпекс, г-динот Кирил Воиновски.

Присутните секако беа заинтересирани што е тоа поразлично што Еуроимпекс ќе понуди на домашниот пазар? Директорот на пост-продажба, г-динот Васил Стамболиски, даде кус осврт на најзначајните елементи што сé „Еуроимпекс“ ќе понуди со оваа негова нова услуга:

„Од денес сме во можност да понудиме максимално професионална услуга за тјунирање на сите брендови на возила. Тјунирањето возила кај нас претставува надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила. Ќе работиме со лиценцирани софтвери преку CSS Performance Tuning од Словенија, како нивни Генерални застапници за Македонија, што е мошне сериозно. Импресивен е моментот што кај нас, секој софтвер пред неговото вчитување во возилото, е претходно тестирано на друго исто такво возило. А, за извршената софтверска модификација, клиентот добива гаранција за софтверот сé додека возилото е во возна состојба! Софтверите кои ги пласираме, се веќе присутни во 20 земји во Европа, а компанијата CSS Performance Tuning од Словенија, исто како и Еуроимпекс работи според стандардот ISO 9000:2008. Верувам дека „тежината“ на овие неколку елементи, дава доволен впечаток зошто и на кој начин ќе ја вршиме оваа нова услуга за нас.“ – изјави г-динот Васил Стамболиски, Директор на пост-продажба.

На настанот, гласно беше поздравено присуството на одговорниот за маркетингот на CSS Performance Tuning од Словенија, г-дин Бошко Кадовиќ кој даде кус осврт на почетоците на компанијата, на нејзиниот развој и територијалната застапеност во 20 земји од Европа.


  Назад кон новости