Скопје | 28.03.2014

ТЕСТ ВОЗЕЊЕ на НАЈДОБРИОТ во ЕВРОПА!

novosti/2014/308_test_vozenje/sl1.jpg
novosti/2014/308_test_vozenje/sl1.jpg 2 novosti/2014/308_test_vozenje/sl2.jpg 2 novosti/2014/308_test_vozenje/sl3.jpg 2 novosti/2014/308_test_vozenje/sl4.jpg

Новиот Peugeot 308, носител на престижното признание „Автомобил на годината“ за 2014 во Европа, на 29-ти март (сабота) ги очекува сите интересенти и љубопитни на ТЕСТ ВОЗЕЊЕ вo City Mall!

Посетителите ќе имаат прилика да ги погледнат сите три нивоа на опременост (Access, Active и Alure) кои Peugeot 308 ги понудува, како и да го тестираат фантастичниот дизел мотор 1.6 HDi со 92 КС.

Овој француски лав - Peugeot 308, на Саемот за автомобили во Женева, од 58-те члена на стручното автомобилско жири, составено од претставници од 22 земји на Европа, освои импресивни 307 поени, победувајќи со голема разлика далеку пред второпласираниот BMW i3 со 223 и трето пласираниот Tesla Model S со освоени 216 поени.

ВОЗИ ГО и ти НАЈДОБРИОТ! Тимот на Peugeot и новиот 308 ве очекуваат!


  Назад кон новости