Скопје | 27.05.2015

ОВЛАСТЕНИОТ ДИЛЕР „AUTO NENA STIL” ОД СРБИЈА, ОД СЕГА СО ПРОШИРЕН КАПАЦИТЕТ

Еден од нашите овластени дилери во Србија, компанијата Auto Nena Still, лоцирана во Земун на улица Цар Душан 205А, го прошири својот продажно-сервисен потенцијал. Продажниот салон сега е со големина од 300 m² и со 80 m² отворен простор. Сопствениците на Peugeot возила, на оваа локација ќе имаат прилика да ги одржуваат своите автомобили и тоа во овластениот сервис кој работи според високи Peugeot стандарди, како и да ги користат услугите на лимарско-фарбарскиот оддел. Продажниот салон им овозможува преглед на актуелната понуда на Peugeot гамата.

Завршувањето на Пупиновиот мост, односно продолжувањето на сообраќајницата непосредно покрај салонот, допринесува за дополнително подобрување на позицијата на продажниот BlueBox салон и сервисот на Peugeot. Тоа има посебно значење за сопствениците на Peugeot возилата, но и за потенцијалните клиенти кои гравитираат во правците Борче, Панчево, Зрењанин…

Во салонот се присутни сите нови Peugeot модели: 108, 208, 301,308, 2008, 3008, 508 како и моделите од професионалната програма. Продавачите, со задоволство ги информираат сите заинтересирани за карактеристиките на возилата, начините на финансирање, за системот старо за ново, како и за петгодишната гаранција на патничкиот програм.

Исто така, вработените во секторот за пост продажба се секогаш достапни за сите прашања кои се однесуваат на механиката, електричните системи или лимаро-фарбарските услуги.

За изминатите 30 години, на сите вработени во нашата компанија на прво место им е задоволството на клиентите. Максимално сме фокусирани да ги задоволиме барањата и потребите преку квалитетни производи и врвна услуга, а се разбира дека истово останува како основен постулат и за во иднина.


  Назад кон новости