Скопје | 04.02.2015

25 години „Еуроимпекс“, историја со која се гордееме

Компанијата „Еуроимпекс“ е основана во јануари месец, веќе далечната 1990 година и е првата приватна компанија во Македонија, чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.

Оваа година компанијата одбележува 25 години од својата успешна работа. По тој повод, во своите простории (салонот на Peugeot), „Еуроимпекс“ во одбрано друштво и пригодна свеченост го одбележа својот 25-ти роденден. Испишаната историја, беше презентирана со проекција на корпоративен филм, по кој беа доделени плакети и признанија на физичките и правни лица за лојалност и долгогодишна соработка. Голема чест за „Еуроимпекс“ беше искажана од страна на Automobiles Peugoet, преку присуството на Регионалниот менаџер за југоисточна Европа г-динот Николас Оланд (Nicolas Olland). Заштитните лица на компанијата Калиопи, Каролина и Лозано имаа свои фантастични музички интерпретации преполни со емоции.

„Еуроимпекс“ како компанија ја развивавме темелно и во континуитет. За да бидете успешни во тоа што го работите, треба да живеете, растете, да се развивате, размислувате и се борите за истите цели како и брендот (брендовите) кои ги претставувате. Со „Еуроимпекс“ застапуваме повеќе брендови на македонскиот пазар, но факт е дека во јавноста сме најпрепознатливи по брендот Peugeot.

За стабилен напредок на компанијата, вложува целото семејство на “Еуроимпекс“. Во изминативе години се соочуваме со непредвидливо турбулентен период, но истрајни сме во нашата определба и зацртан правец на движење. Нашата гордост е „Еуроимпекс“ и тимот кој неа ја сочинува!“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

“Предизвиците се запишани во нашата историја, на што сме многу горди. Нашиот 25-годишен развој е процес кој во себе интегрира големи вложувања, фокусираност кон целите, адаптибилност кон пазарните услови и мноштво на големи одлуки, зад кои секогаш цврсто стоиме. – додаде г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“. За овие изминати години, имаме многу реализирани проекти за сите брендови кои ги застапуваме. Но за нас, најважно признание се задоволните клиенти кои својата доверба одлучиле да ја дадат на „Еуроимпекс“. Ова претставува постојан предизвик и голема обврска за понатамошен развој. Секако, тука не застануваме и на взаемно задоволство ќе ја оправдаме укажаната доверба.“

„Еуроимпекс“ има 25 годин и приближно, тоа претставува еднаков број на години од почетокот на партнерството со брендот Пежо. Поминаа 25 години во развој на Пежо брендот во Македонија, а сега продолжуваме и во соработка, во голем дел на балканските земји, како наш регионален импортер. Ако ова партнерство функционира толку добро и трае 25 години, тоа е затоа што нашите 2 компании делат еднакви вредности: доверба и побарување. 2015 е година на овој голем јубилеј, но и година на комерцијална офанзива за нашите 2 компании. – изјави г-динот Николас Оланд, Регионален менаџер за југоисточна Европа во Avtomobiles Peugeot.

На прославата беа доделени следниве плакети и признанија:
          - Плакета на Васил Димишков, за најверен клиент на брендот Peugeot
          - Плакета на „Техноскоп“ за најуспешен дистрибутер на брендот Bahco
          - Плакета на „Актива“ за најлојален клиент и долгогодишна соработка со
            брендот Milwaukee
          - Плакета на „Ви-Сто“ за афирмација на брендот Total
          - Плакета на „Автокомерц“, за афирмација на брендот Banner
          - Плакета на „Авто Чајка“ за најуспешен дилер со најголем број продадени
            Peugeot возила
          - Плакета на „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ за најлојален
            клиент со најголем број купени Peugeot возила
          - Плакета на „НЛБ Лизинг“ за заедничка соработка и лојалност
          - Плакета на „Тутунска банка“ за заедничка соработка и лојалност

Благодарници за соработка:
          - Благодарница на „Нелт СТ“ за заедничка соработка и лојалност
          - Благодарница на „Алма -М“ за заедничка соработка и лојалност
          - Благодарница на „Тим Поинт“ за заедничка соработка и лојалност
          - Благодарница на „Еуро табак“ за заедничка соработка и лојалност
          - Благодарница на „Машински Факултет“ Скопје, за заедничка соработка и
            лојалност
          - Благодарница на „Биро за метрологија“ за заедничка соработка и
            лојалност
          - Благодарница на „Агројуником“ за заедничка соработка и лојалност
          - Благодарница на „Рио“ за заедничка соработка и лојалност


  Назад кон новости