Скопје | 02.07.2015

СЕКТОРOT ЗА ПОСТ-ПРОДАЖБА И СЕРВИС И СЕКТОРОТ ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ НА ЕУРОИМПЕКС - НАЈДОБРИ ВО СВЕТСКИ РАМКИ ЗА 2014 ГОДИНА

Секторите за Пост-продажба и сервис и Резервни делови се повторни победници на натпреварувањето за 2014 година кое секоја година го организира Принципалот - Automobiles Peugeot за своите импортери.

По исполнувањето на зададените задачи, како што се: цели за исполнување на квоти на резервни делови, исполнување на повикувачки кампањи, акции и анимации за купувачите врзани со продажба на резервни делови и сервисни активности, вработените во споменатите сектори на Еуроимпекс ДОО повторно се најдоа во кругот на победниците и на 05.06.2015 година во Playa del Carmen во Mexico од страна на зона менаџерот г-дин Brice Beneteau им беа врачени признанија на одговорните лица на секторите:

Г-дин Васил СТАМБОЛИСКИ, Раководител на секторот пост-продажба и сервис

Г-дин Зоран СЕРАФИМОВСКИ, Раководител на секторот резервни делови.

Со ова уште еднаш Еуроимпекс го покажа својот професионализам во однос на сервисирањето и резервните делови, што резултира со голем број на опслужени и задоволни клиенти во сервисните центри на Еуроимпекс како во режавата така и надвор од неа.


  Назад кон новости