Скопје | 20.03.2015

Тестирање и обука на Peugeot сервисните советници

Во периодот од 12-13.03.2015 година сервисните советници од Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot, во Македонија, Србија, Црна Гора и Косово и дилерската мрежа, присуствуваа на годишната проценка на знаења организирана од страна на принципалот Automobiles Peugeot и на практична обука за користење на “Service BOX”, во ZRTC (Zagreb Regional Training Centre) во Загреб.

Екипата составена од шест сервисни советници постигна завиден резултат на тестирањето со освоени 91% точни поени, со што влегува во најдобро направените резултати во регионот.

Во период од два дена беше проследена презентацијата на апликацијата на “Service BOX” и преку практични примери на работа беа разгледани сите нејзини можности и начини на нејзина примена во работењето.

По враќањето во своите сервисни центри, сервисните советници имаат задача за имплементација на обуката со цел на подобрување на квалитетот на дадената услуга во сервисниот оддел и подобра организираност.

На овој начин Еуроимпекс уште еднаш ја покажа својата посветеност кон вработените и зголемување на нивната експертиза и обученост, како една од најважните алки во давањето услуга на клиентите при сервисирањето на нивните возила.


  Назад кон новости