Скопје | 06.07.2015

Новиот Peugeot 108, совршено градско возило!

Истакни го својот стил со Peugeot 108!

Овој викенд, новиот Peugeot 108 беше за прв пат претставен на јавноста. Во склоп на манифестацијата „Шопинг до полноќ“ сите посетители имаа прилика да го погледнат новиот градски шармер.

Од надвор ќе повикува софистицирана линија со можност за избор на 7 теми на персонализација. Покрај динамичниот дизајн, можете да избирате возило со стандарден и возило со ТОП покрив, чиј отвор има големи димензии за вистинско уживање во топлите денови.

На прв поглед ќе ве одушеви дизајнот со намалената предна решетка во однос на претходникот, големите стаклени површини, компактната става и задните стоп светла во облик на лавовски канџи. Под хаубата ќе може по ваш избор да се најдат 3 цилиндричните 1.0 или 1.2 Pure Tech бензински мотори кои ги застапуваат најновите Euro 6 норми. Тие покрај тоа што се еколошки и пријатели на човековата околина, се и максимално економични и ефикасни. Внатрешната кабина ќе ве освои со својата удобност. Возачкото седиште подесиво по висина, му овозможува на лицето кое управува со возилото висок степен на ергономија и лесна достапност до елементите на конзолата. Безбедноста кај новиот Peugeot 108 е на високо ниво, така ESP и шест воздушни перничиња, се вклучени во стандардната опрема уште од основното ниво.

„Peugeot брендот ја промени својата стратегија пред нешто повеќе од 2 години, а во фокусот несебично го има потрошувачот. Брендот е насочен кон развој на возила кои ќе ги задоволат барањата и на најспецифичните клиенти. – изјави Ивана Манчева Маркетинг директор во „Еуроимпекс“ и додаде - Новиот Peugeot 108 нуди 7 теми на персонализација кои овозможуваат на клиентите да ја истакнат својата личност. Интуитивната внатрешност е дизајнирана да понуди максимален простор за возачот и патниците. А, новите мотори ги застапуваат Euro 6 нормите. Новиот Peugeot 108 е интелигентен и „поврзан“, компактен и удобен! Тој е совршено градско возило.“


  Назад кон новости