Скопје | 12.01.2015

„Еуроимпекс“ - нов ексклузивен увозник за Косово

Македонската автомобилска компанија „Еуроимпекс“, од почетокот на годинава стана нов ексклузивен увозник на автомобилите Peugeot за Косово. За потсетување, од 01-ви јули 2014 година освен Македонија, „Еуроимпекс“ прерасна во Генерален увозник и дистрибутер на брендот Peugeot за Србија и за Црна Гора. Со најновото застапство „Еуроимпекс“ е компанијата одговорна за Peugeot брендот за четири земји од регионот што претставува голем предизвик и сериозна обврска кон Принципалот.

„Живееме и минуваме низ историски период како за „Еуроимпекс“ така и за брендот Peugeot. Пазарите Србија, Црна Гора и Косово на кои започнуваме да работиме, според Даниел Воиновски, генерален директор на „Еуроимпекс“, се сосема различни како меѓу себе така и од пазарот во Македонија. Ова од нас побарува да го мултиплицираме нашиот труд и вложувања во освојување на регионот, развој и стабилност. Сега го претставуваме брендот Peugeot меѓу популација поголема од 11.500.000 луѓе, што е мошне сериозна бројка. Настојуваме и низ постигнатите резултати да ја оправдаме укажаната доверба од Automobiles Peugeot.“ Примарна цел на компанијата е и да формира силна продажно-сервисна мрежа со која, согласно по највисоките стандарди, ќе се води грижа за сегашните и идни сопственици на Пежо возилата.

„Како компанија насочени сме кон потенцијалните купувачи, а лојални кон клиентите и вработениот тим на компанијата. Фокусот не го менуваме, така продолжуваме и понатаму и тоа на сите пазари на кои го застапуваме брендот Peugeot. Со крајот на минатата година, ни беше доделено и признанието на Супербрендс, кое само по себе говори многу за чекорите и развојот на „Еуроимпекс“. Пред нас е голем предизвик и одговорност, смета Кирил Воиновски, генерален директор на „Еуроимпекс“. Но, секако дека располагаме и со соодветни алатки. Претставуваме автомобилски бренд кој сериозно сè повеќе се развива и во моментов располага со најмладата гама досега, во просек помлада дури и од 3 години. Peugeot се истакнува со современ стил, беспрекорни перформанси, прецизна ефикасност и врвна технологија, кои се високо вреднувани од потенцијалните клиенти. Понудата е фасцинантна, имаме модели со мотори и нивоа на опременост кои ги исполнуваат и најспецифичните барања. Peugeot е бренд чии возила ги задоволуваат потребите и желбите ú на најпребирливите клиенти. Во неговите гени е врежано да освојува... Не е случајно што лавот е симбол на Peugeot брендот!

PSA групацијата минатата година ја смени својата стратегија позиционирајќи го брендот Peugeot скалило погоре и при тоа правејќи одличен спој меѓу традиционалните и современите вредности. Со цел да го обезбеди својот развој, Automobiles Peugeot донесе одлука да примени регионална стратегија за увоз и дистрибуција на своите возила во Балканските земји. По анализата на различни бизнис проект-насоки кои беа презентирани од повеќе кандидати, Automobiles Peugeot се одлучи за избор на „Еуроимпекс“ како свој понатамошен партнер, со чиј проект најдобро се демонстрира визијата на брендот Peugeot за овој регион.


  Назад кон новости