Скопје | 20.03.2015

РАЗБУДИ ГО ЛАВОТ ВО СЕБЕ!
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО БЕЛГРАД

Гордиот лав ја претстави својата врвна гама на автомобили на извонредниот штанд на меѓународниот саем во Белград. Почесното место е во халата бр.1, каде импресивните Peugeot модели ја претставуваат најмладата гама на францускиот производител.

Премиерата на градскиот автомобил Peugeot 108, моќниот и импресивен 308 GT како и неодоливиот Peugeot 308 SW, измина во прекрасна атмосфера зачинета со атрактивните хостеси. Покрај овие модели, посетителите на саемот ќе имаат прилика да изберат измеѓу Peugeot 208, 308, 508, 508 RXH, семејниот 301, како и меѓу фасцинантните и функционални crossover-и Peugeot 2008 и 3008. За оваа прилика, импортерот обезбеди тест возила која се лоцирани пред Халата бр.1, каде потенцијалните клиенти можат веднаш да направат тест возење и да се уверат дека беспрекорниот квалитет на Peugeot возилата е само почетна точка каде се раѓаат силни емоции на задоволство.

„Ние во Србија сигурно сме најгорди што токму во Новак Ѓоковиќ, Peugeot ги препозна сите карактеристики кои брендот ги застапува – ефикасност, сила, креативност и емоција. Кога во својот тим го имате најдобриот тенисер на светот и Peugeot 308 кој е избран за Европски автомобил на 2014 година, сосема е природно дека нашата цел како Ексклузивен регионален увозник на Peugeot, е да бидеме на самиот врв. Како увозници на овој престижен бренд знаеме дека нашите клиенти не се тука за нас, туку дека нашите возила се тука за нашите клиенти.“ – изјави Немања Живојновиќ, Маркетинг директор за Србија и Црна Гора.

„Нашиот долгогодишен партнер на Балканот, Еуроимпекс, во 2014-та година стана наш регионален увозник, увезувајќи и дистрибуирајќи производи од брендот во следниве четири држави: Србија (кој е и најголем пазар), Црна Гора, Македонија и Косово. Белград, 2015, е прилика за PSA групацијата да го потврди јасното позиционирање на производот. Во склоп на оваа стратегија, Peugeot ја докажува својата висока позиционираност на пазарот како општ дизајнер, кој може да биде конкурент на веќе докажани лидери. Оваа година за Peugeot е година на „напад“ на српскиот пазар, со понуда на патнички возила која ги покрива скоро сите сегменти и светски успеси како и со високо конкурентна и реномирана понуда на комерцијални возила“ – изјави Г-дин Николас Оланд, директор на PSA групацијата.

Генералниот увозник за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, Еуроимпекс, на негово огромно задоволство ги прикажа моделите на Peugeot за кои е сигурен дека ќе бидат вистинскиот избор за потенцијалните клиенти.

Со цел да го докажат својот квалитет моделите на Peugeot брендот можат да се купат со 5 годишна гаранција во која се дополнителни 3 години продолжена гаранција, идентична на гаранцијата од производителот.


  Назад кон новости