Скопје | 29.3.2016

Еуроимпекс со престижно признание за „Афирмација на државата во регионот“

На пригодна свеченост во склоп на настанот Автомобил на годината, на ден 25.03.2016 во хотел Александар Палас, беше доделено признанието на Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, за „Афирмација на Македонија во регионот“!

Признанието беше преземено од Генералниот директор на Еуроимпекс, г-дин Кирил Воиновски кој се заблагодари и изјави:

“Успехот е резултат на 26 годишниот труд и залагање на сите вработени во компанијата. Заслугата за вакво престижно признание е на целиот тим, кој неуморно работи кон остварување на уште подобри резултати“.

Имено, Еуроимпекс го застапува брендот Peugeot на пет (5) пазари со вкупна популација од 14.452.555 жители и со секоја наредна година се нижат нови успеси и сé подобар пласман на пазарите на кои го застапува. Примарна цел на компанијата секогаш и е фокусот кон клиентите, градење на лојален однос кон истите, како и кон вработените, а со тоа и кон стабилен развој на компанијата.

Со почетокот на минатата година, во прикладна свеченост и одбрано друштво од земјава и странство, „Еуроимпекс“ одбележа 25 години од својата успешна работа. Компанијата се гордее со својата историја и досегашен развој и силно верува во успешна иднина.

Еуроимпекс со гордост изјавува дека е единствена компанија во регионот, која добила признание од ваков тип.


  Назад кон новости