Скопје | 25.3.2016

Еуроимпекс во поддршка на студентите и деновите на франкофонијата

Еуроимпекс, Генерален увозник за Peugeot на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, ги подржа деновите на франкофонијата и беше дел од франкофонските средби. Согласно концептот на настанот, брендот Peugeot беше презентиран од студентката Маја Стоева.

Овогодинешниот настан во организација на Францускиот институт, понуди нов концепт на франкофонски средби, кој ги соедини француските фирми во Македонија, мрежата на француски институции и организации и професорите по француски јазик кои ги анимираа бројните средношколци и студенти на настанот.

Саемот го отвори Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија во присуство на Градоначалникот на Скопје и голем број претставници и пријатели на Франкофонијата.

Така, годинава Празникот на Франкофонијата беше фокусиран на употребата на францускиот јазик како предност за успешна кариера, под мотото: „Франкофонијата ти отвора врати!"


  Назад кон новости