Скопје | 1.8.2016

Трицилиндричeн турбо PureTech бензински мотор уште познат како "2016 Мотор на годината" во својата категорија втора година по ред

На 18-то Интернационално доделување на наградата за Мотор на годината одржано во Штутгарт на 1Јуни 2016, 1.2 литарскиот трицилиндричен турбо PureTech бензински мотор развиен од страна на групацијата PSA е именуван како Мотор на годината во категорија од 1 литрски до 1,4 литарски мотори од страна на советот на меѓународни новинари. Наградата добиена по втор пат е најновото достигнување за моделот на моторот, кој е произведен во фабриката Française de Mécanique во Доуврин, Франција.

Проширување на гамата на новата генерација на бензински мотори на групацијата PSA

Поради популарноста на фамилијата на бензински мотори со три цилиндри, групацијата PSA одлучи да ги зголеми своите производни капацитети за да ја подржи енергетската транзиција. Почнувајќи од 2014 година, скоро 370.000 турбо PureTech мотори се произведени во фабриката во Douvrin. Дополнителните производствени капацитети на турбо бензински мотори ќе се произведуваат во фабриката Trémery во источна Франција, подигнувајќи го потенцијалното годишно производство до 670.000 мотори до 2018.

Намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 со оптимизирање на перформансите на возилото

Со 120 патента на негово име, трицилиндричниот турбо PureTech бензински мотор ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за 18% во споредба со четрицилиндричниот мотор како негов предходник. Моторот има два рекорда за заштеда на гориво. Се потврдува како прв во Европа во 2014, како возило со мануелен менувач. Втората потврда е во Кина оваа година, каде моделот со автоматски менувач поминал 1.878 километли со само еден резервоар на гориво, постигнување на рекорд од 2.93 литри на 100 километри. Моторот нуди едно од најпријатните искуства на возење на пазарот – дури и при најмала брзина - и најдобар компромис на брзина/моќност: 130 КС со вртежен момент од 230 Nm. Со моторите од 1,2 PureTech 110 КС и 1.2 PureTech 130 КС се опремени возила од сегментот Б и Ц. За прв пат претставен во Март 2014 на Citroën C4 Picasso и Peugeot 308, моторот, PureTech сега е вграден во повеќе од 60 различни модели низ целиот свет, вклучувајќи го и новиот Peugeot 3008 претставен на 23 Мај 2016.

Коментирајќи ја наградата, Christian Chapelle, потпреседател на Инженеринг за погонски агрегати и шасии, групација PSA, рече: "Примањето на оваа награда втора година по ред е доказ за нашата технолошка експертиза и напорите за оптимизирање на моторите и намалување на нивното влијание на околината, а при тоа пружање на висококвалитетни перформанси."


  Назад кон новости