Скопје | 14.4.2016

ЕУРОИМПЕКС ПО СЕДМИ ПАТ меѓу победниците во секторот Резервни Делови и Пост-Продажба и Сервис, на Светското натпреварување организирано од страна на Automobiles Peugeot

Со гордост известуваме дека тимот експерти од секторот за Резервни делови и пост продажба при Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, е повторен победник на натпреварувањето за 2015 година кое секоја година го организира Принципалот - Automobiles Peugeot за своите импортери. Наградата беше доделена во Рејкјавик, Исланд, а ја подигна г-дин Зоран Серафимовски, менаџер на секторот за Резервни делови.

Меѓу 51 учесник, поделени во пет групи, Еуроимпекс (секторот за резервни делови), ја покажа нивната мотивираност низ целата година, развивајќи ја активноста на Резервни Делови и Дополнителна Опрема, изведувајќи активности за подобрување на перформансите, поставување на комерцијалното работење и за професионализација на мрежата.

Од 6ти до 11ти април 2016та година, во Рејкјавик, Исланд, беа доделени признанијата «2015 PEUGEOT ДЕЛОВИ И ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА» на светско ниво.


  Назад кон новости