Скопје | 20.1.2016

Лавот, повторно е крал на Дакар!

Овогодишното, 38. издание, на најтешкото рели на светот Dakar Rally заврши со ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА ЗА PEUGEOT!!!

Стартот се официјализираше на 02.01.2016 година, а крајот беше прогласен на 16.01.2016та година со вкупно 9583 km - траса во траење од две недели во Аргентина и Боливија.

Стефан Петерхансел - најискусниот рели возач во светот, човекот кој зад себе има 24 Дакар релија, му донесе победа на Peugeot со возилото Peugeot 2008 DKR специјално конструирано за Дакар 2016.

Интересно е да се истакне дека Peugeot доминираше за време на целата трка. Уште на самиот старт на трката Peugeot се најде прв на листата.

Во петтата етапа Лоеб, Петерханзел и Саинц остварија тројна победа со францускиот лав. Вкупно три автомобили на Peugeot 2008 DKR стигнаа на целта во маратонот што траеше вкупно 13 фази.

По екстремно време и надморска височина, која достигна највисока точка од 4.800 метри, тимот на Peugeot се соочи со голем предизвик.

Но, одлично подготвената машина и најуспешните пилоти во целата историја на Дакар, со вкупно 17 победи во релито: Стефан Петерхансел / Жан Пол Котре, Карлос Сајнц / Лукас Круз и Сирил Депре / Давид Кастера, на кои им се приклучи деветкратниот шампион во Светскиот рели шампионат, Себастијан Леб и Даниел Елена, не дозволија да настанат никакви непријатности.

Секоја фаза си имаше свои потешкотии, но тимот на Peugeot вешто успеа да ги надмине и совлада сите предизвици, со што заслужено стигна до победа!

  • Етапни победи: 9 од 13 за PEUGEOT 2008 DKR (етапа 2, 3, 5 и 13 за Леб / Елена; етапа 4, 6 и 10 за Петерхансел / Котре; етапа 7 и 9 за Сајнц / Круз).
  • Лидери: Леб (етапа 2 до 5 и 7), Петерхансел (етапа 6 до 8, па од 10 до 13) и етапа (фаза 9).
  • Победи на Стефан Петерхансел: 1991, 1992, 1993, 1995, 1997, 1998 - мотоцикл; 2004, 2005, 2007, 2012, 2013, 2016 - автомобил

За повеќе информации можете да ја погледнете ФБ страницата на Peugeot Sport https://www.facebook.com/peugeot.sport/ или на http://www.dakar.com/index_DAKus.html


  Назад кон новости