Скопје | 19.9.2016

РЕГИОНАЛНА ОБУКА ЗА НОВИОТ SUV PEUGEOT 2008

На ден 18.9.2016, во работните простории на Еуроимпекс, беше извршена регионална обука за новиот SUV Peugeot 2008 на ниво на целата продажна мрежа во Македонија, Косово и Албанија.

Обуката беше водена од страна на г-динот Дарко Радончиќ, кој на еден концизен и јасен начин составен од теоретски и практичен дел кон дилерската мрежа ги пренесе најновите информации од новиот SUV Peugeot 2008.

Во самата презентација покрај вниманието посветено на најновите дизајнерски и технолошки достигнувања кај овој модел и моќните Еуро 6 мотори, беше ставен посебен акцент на преоѓање на моделот 2008 од Crossover во SUV (Sport Utility Vehicle) сегментацијата. Беше истакната подигнатата шасија (ground clearance) која што за разлика од претходникот - 14 cm, сега изнесува 16,5 cm, истата димензија на Honda CR – V.

Во таа насока беше споменат и Grip Control системот, кој е еден од најважните елементи за еден ваков SUV модел. Системот го прилагодува возењето на секаков вид на терен и соодвестува на 5 режими на возење. Нормален режим, режим песок, режим кал, режим снег, како и режим за ESP off, односно можност за исклучување до брзина од 50 km со цел да му се овозможи на возачот целосна автономија.

Во рамките на обуката, веднаш по теоретскиот дел, беше ивршен и компаративен тест со возилата припадници во истиот т.н. “B SUV” сегмент се со цел за подобра визуелна перцепција на разликите (предности и недостатоци) помеѓу моделите.

Тимот на Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа во регионот, секогаш Ви стои на располагање.


  Назад кон новости