Скопје | 9.5.2016

ИСТОРИСКИ И НОВИ ВОЗИЛА, УЖИВАЊЕ ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

Во саботата, 7.5.2016 година, Еуроимпекс, Амк Џип Рели спорт и домаќинот „Општина Центар“, со „XI меѓународна изложба на историски возила“, приредија уживање за сите посетители. Химната на Република Македонија го одбележа свеченото отворање на настанот, а сончевото време и насмеаните лица на посетителите, само дополнително ја разиграа богатата програма која беше приредена. На калдрмата, автентично изложување имаа 80 old timer возила и 20 мотоцикли. А, во пределот каде коцката од калдрмата минуваше во мазен асфалт, новите возила на Peugeot брендот будно ги дочекуваа љубопитните и интересентите.

Сведоци бевме на вистински хепенинг и микс од емоции,... Бројни изложувачи, минувачи, љубопитни лица, посетители од различни возрасти, медиуми, камери, професионални и аматерски фотографи,... Минуваа семејства, друштва, парови, соработници, се пронаоѓаа и поздравуваа пријатели,... Очи полни среќа и многубројни позитивни критики. Тимот на Еуроимпекс беше на располагање на сите посетители. Изложени беа најновите возила од гамата на Peugeot, програмата на Professional Tuning, пневматиците од јапонскиот бренд Toyo Tires и маслата од програмите на Total и Valvoline. Ова беше трета година на взаемна соработка меѓу АМК Џип Рели Спорт и Еуроимпекс.

При организација на историските возила, беа почитувани правилата на Меѓународната федерација FIVA и секое возило кое беше изложено беше произведено пред 7.5.1986 година т.е. задолжително беше постаро од 30 години. Воедно, секое историско возило е одржувано во оригинална состојба или реставрирано еднакво на оригиналот. На 11 Меѓународна изложба на историски возила, 11 возила се од брендот Peugeot, a останатите возила се од други брендови.

  • Најстарото изложено возило беше возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година.
  • Најстарото Peugeot возило беше возилото Peugeot 404, произведено во 1968 година.
  • Најстар моторикл на оваа изложба беше мотоциклот Yawa, произведен во 1930 година.
  • Оваа година имаше изложувачи и од Косово и од Србија.

Комисија за оценка на возилата е составена од стручни лица, истата ја сочинуваат:

- Г-дин Васил Стамболиски, Претседател на комисијата за историски возила
- Г-дин Томислав Биљарац –Член на комисијата
- Г-дин Мојсије Милосавњевски – Член на комисијата
- Г-дин Цане Костовски – Член на комисијата
- Г-дин Јовче Стефанов – Член на комисијата.


  Назад кон новости