Скопје | 7.10.2016

ТЕСТ ВОЗЕЊЕ СО НОВИОТ SUV PEUGEOT 2008 И ДРУЖБА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ

На ден 5.10.2016, во тест центарот на Еуроимпекс, од страна на шест доминантни и импресивни предни решетки на новиот SUV Peugeot 2008, беа пречекани автомобилските новинари на кои на кратко им беше презентирано целодневното дружење и возење со новиот SUV Peugeot 2008.

За време на возењето секој од лицата учесници имаше можност во одредени стоп точки да ја промени својата позиција во возилото со цел да ги почувствува перформансите на возилото од повеќе аспекти. Во улога на возач, совозач или пак патник на задната клупа.

Возилата со кои управуваа нашите автомобилски експерти беа со следниве мотори и опрема:

  • 1.6 BlueHDi 75 КС BVM5 Active ниво на опременост
  • 1.6 BlueHDi 100 КС BVM5 Active ниво на опременост
  • 1.6 BlueHDi 120 КС BVM6 Allure ниво на опременост
  • 1.2 Pure Tech 110 КС BVM5 Allure ниво на опременост
  • 1.2 Pure Tech 110 КС ЕАТ6 Allure ниво на опременост

Како еден од поинтересните мотори кој беше тема на дискусија беше 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 110 коњски сили. Овој мотор повторно е прогласен за „Мотор на Годината“ и истиот можеше да се вози и со мануелен 5 брзински менувач, како и автоматски 6 брзински менувач во Allure ниво на опременост.

Во разговорите меѓу новинарите вниманието повторно беше посветено на најновите дизајнерски и технолошки достигнувања кај овој модел и моќните Еуро 6 мотори, беше ставен посебен акцент на преоѓање на моделот 2008 од Crossover во SUV (Sport Utility Vehicle) сегментацијата. Беше истакната подигнатата шасија (ground clearance) која што за разлика од претходникот - 14 cm, сега изнесува 16,5 cm.

Во таа насока беше споменат и Grip Control системот, кој е еден од најважните елементи за еден ваков SUV модел. Системот го прилагодува возењето на секаков вид на терен и соодвестува на 5 режими на возење. Нормален режим, режим песок, режим кал, режим снег, како и режим за ESP off, односно можност за исклучување до брзина од 50 km со цел да му се овозможи на возачот целосна автономија.
Режимите на возење беа почувствувани онолку колку што ни дозволуваа условите на патот и секако временските услови.
Ова е само една од многуте авантури кои не очекуваат во иднина.


  Назад кон новости