Скопје | 3.3.2016

Peugeot комерцијални возила на “Talk in Business” конференција

Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, зема свое учество во “Talk in Business” конференцијата на тема „Дистрибуција и логистика", која беше во организација на ”In Store” магазин. Самата конференција овозможи да на едно место се сретнат производители, дистрибутери, шпедитeри, трговци, како и претставници од ИТ-секторот. Еуроимпекс се претстави со гама на Peugeot комерцијални возила овозможувајќи им на присутните да добијат информација повеќе за моделите, услови на купување и можноста за нивна модификација во зависност од потребите на клиентите.

Во дваесетипет годишно работење имаме продадено преку 17.000 возила, а во досегашната работа покрај стандардниот програм на комерцијални возила сме испорачале голем број на специјални комерцијалните возила согласно потребите и барањата на нашите клиенти: ладилници, возила за брза помош, возила со голем волумен, кипери, мобилни канцеларии, блиндирани возила, полициски возила и тн. Во таа намена при флотна набавка на возила за нашите бизнис клиенти, одеднаш или во одреден временски период, нудиме палета на комерцијални возила по специјални цени и услови на купување, одржување и сервисирање на возилата. – изјави Г-ѓа Емилија Несторова, одговорна за флотна продажба на Еуроимпекс.

Со својата широка сервисна мрежа опремена по стандардите на Peugeot, едуцираниот и професионален тим, сме сигурен и беспрекорен партнер во бизнисот на нашите клиенти. При тоа остануваме секогаш отворени за соработка со сите компании кои имаат интерес за набавка на едно или повеќе Peugeot возила.– изјави Г-дин Васил Стамболиски, директор на пост – продажба и одговорен за раковоството со квалитет на Еуроимпекс.

Во оваа прилика неколку од присутните претставници на реномираните компании го истакнаа фактот дека веќе се корисници на возилата од комерцијалната гама на Peugeot, при што го искажаа своето задоволство и лојалност кон брендот. На кратко имаа можност меѓудругото да им ги соопштат своите импресии и искуство од користењето на модели како потреба за своите бизниси.

Еуроимпекс на присутните им овозможи и одблиску да се запознаат со Новиот Partner кој на нашиот пазар е присутен од минатата 2015 та година.

Благодарение на неговата нова рестилизирана предна страна, веднаш се забележува неговата робусност. Во средината на вертикалната предна решетка е поставен знакот на Peugeot брендот кој со својот изглед доминира со целата предна страна на возилото.

Специфичниот дизајн на фаровите му дава посебен и модерен изглед. Новиот Partner става посебен акцент на волуменот и флексибилноста на товарниот простор. Неговиот корисен волумен достигнува 3,3 m3 во верзија L1, со корисна должина од 1,80 m, до 3,7 m3 во L2 верзија со корисна должина од 2,05 m. Благодарение на Multiflex клупата, корисниот волумен може да достигне 3,7 m3 во верзија L1 со корисна должина од 3m и 4,1 m3 и во L2 верзија, корисна должина од 3,25 m. Благодарение на корисната ширина од 1,62 m и меѓуоскино растојание од 1,23 m кај верзија L1 е можно да се натоварат две еуро палети (1,2 х 0,80 m). Peugeot Partner, исто така, нуди три нивоа употреблива носивост: кратка верзија на возилото 625 или 850 kg, што е една од најголемите тежини на пазарот во овoj сегмент на возила. Во долгата верзија на ова возило пак, корисниот простор за товар изнесува 750 kg.

Имено новата гама на Peugeot Partner е дополнета со изведбата Partner Electric. Овој модел располага со електричен мотор со високи перформанси. Овој мотор нуди врвни динамични перформанси со моќност од 49kW (67 КС) и со обртен момент од 200 Nm истовремено.

Присутните имаа можност да се дружат, да дискутираат и да споделуваат искуства за предизвиците и за развојот на дистрибуцијата, логистиката и придружната индустрија во земјава.

Меѓу присутните беа: „Кене + Нагел" (Kuehne + Nagel), „Витаминка", „Тинекс", „Кола", „АВТ-интернатионал", „Макпрогрес", „Викторија шпед", „Боми 10 логистик", „Нелт СТ", РСМ, „Сигма СБ", „Мактренд", „Маг комерц", „Пекабеско", „Квехенбергер", и „Алка дистрибуција".

Конференцијата беше заокружена со оформување на две работни групи, во кои учесниците дискутираа на неколку теми: начини за поголема ефикасност со помали трошоци, аутсорсинг во дистрибуцијата, како и спецификите и новитетите во магацинското работење.

За повеќе информации за гамата на комерцијални возила можете да ги погледнете on-line каталозите и визуелизација:
Bipper,
Partner,
Expert,
Boxer


  Назад кон новости