Скопје | 25.02.2010

Еуроимпекс прославува јубилеј

novosti/2008-2010/euroimpex_jubilej/sl1.jpg
novosti/2008-2010/euroimpex_jubilej/sl1.jpg 2 novosti/2008-2010/euroimpex_jubilej/sl2.jpg novosti/2008-2010/euroimpex_jubilej/sl3.jpg novosti/2008-2010/euroimpex_jubilej/sl4.jpg novosti/2008-2010/euroimpex_jubilej/sl5.jpg

По осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Еуроимпекс е основана на 26 јануари 1990 година, а како основачи се јавуваат членовите од семејството Воиновски.

Еуроимпекс прославува јубилеј,... бележи 20 години постоење!

„Еуроимпекс е стабилна компанија која на македонскиот пазар е присутна во повеќе сегменти...Еуроимпекс е генерален увозник на возилата Peugeot и има развиено мрежа од 13 продажни и 7 сервисни точки. Еуроимпекс е компанија која е официјален дистрибутер за маслата Tотал како и официјален дистрибутер на повеќе брендови за рачен и машински алат (Bacho, Milwaukee, AEG, Sandvik).

Нашето работење позитивно влијае врз стопанството, како од аспект на редовното подмирување на обврските кон Државата така и од аспект на бројот на вработени лица.

На самиот почеток, Еуроимпекс броеше 3-јца вработени. Денес, нашата компанија вработува 72 лица.

Еуроимпекс е компанија која имаше стабилен развој и која со сигурни чекори движеше напред. Во тековното работење се соочуваше и со тешки ситуации кои со сериозен пристап тековно беа решавани. За напредок и развој на компанијата вложуваше целото семејство на вработени лица. Моментално се соочуваме со нестабилен и турболентен период на пазарот. Побарувачката е драстично намалена, што негативно резултира врз целокупното работење. Но, искрено се надеваме дека заеднички успешно би можеле да го надминеме овој период и дека наредниот јубилеј би можеле повторно да се пофалиме со импресивни резултати!“ Изјави г-динот Кирил Воиновски – Генерален менаџер и еден од основачите на компанијата.

ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ

„Покрај овие информации, би можеле да споменеме неколку интересни факти...“ додаде г-динот Кирил Воиновски

“Како интересен податок може да се спомене дека Еуроимпекс е единствена компанија од автомобилската индустрија во Македонија која од основањето (континуирано низ годините) е импротер на еден ист автомобилски бренд. Ние сме единствениот увозник на Peugeot автомобили за нашата Република од 1992 година па се до денес.

До сега имаме остварена продажба од преку 14.500 Peugeot возила и во последните неколку години, сме континуирано присутни во листата на 200 најдобри компании во Македонија, што дополнително го потврдува успехот кој беше постигнат во изминатите 20 години.“ изјави г-динот Воиновски и додаде дека...

„Еуроимпекс во 1996 година се јавува како покровител на првиот спортски натпревар. За прв пат во историјата на Македонскиот Автомобилски Шампионат беше организиран Peugeot 106 куп, надвор од рамките на шампионатот. Трката „Водно 96“ беше прва трка во наша организација, а за која беа лепени плакати по цел град. По некои проценки имаше рекордни 4.000 посетители на падините на Водно – што дотогаш ниту една трка во Македонија немаше привлечено толкава посетеност.“

„Тековно низ годините, Еуроимпекс беше орјентиран и својот фокус го насочуваше кон граѓанинот поединец. Со цел доближување на производите кои ги понудуваме до финалниот потрошувач, бевме присутни на саемите за автомобили организирани во рамките на Македонија... штандовите кои ги поставувавме, беа со висок степен на посетеност а нивниот изглед ги следеше стандардите со високи критериуми поставени од Automobiles Peugeot. Во 2007 станавме дел од КК Вардар... А поддршката кон спортот што ја искажува Еуроимпекс се огледа и во организирањето на aматерскиот тениски турнир за мешани двојки именуван како Recontres Peugeot Rolland Garros, кој континуирано се одржува во месец мај веќе 3 години (оваа ќе биде 4-та). На овој турнир земаат учество двојки-аматери. Како главна награда која се доделува е патување во Париз и присуство на најдобрите мечови на Rolland Garros турнирот.


  Назад кон новости