Скопје | 27.09.2010

Лозано, нов члан на семејството Peugeot

novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl5.jpg
novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl1.jpg 2 novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl2.jpg novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl3.jpg novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl4.jpg novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl5.jpg novosti/2008-2010/lozanoski_i_peugeot/sl6.jpg

Еуроимпекс, Генерален увозник на автомобилите Peugeot за Македонија, оваа година прославува значајни јубилеи... Брендот Peugeot оваа година бележи 200 години од своето постоење. Еуроимпекс прославува 20 години од основањето на компанијата, а воедно го прославува и 10-тиот роденден од свеченото отворање на својот Blue Box. Во досегашното работење забележани се многу успешни деловни соработки, успешно негување на линкот меѓу брендот Peugeot и целата јавност на Републикава, како и низа соработки со јавни личности меѓу кои се и соработките со две дами – врвни уметници. Тие од очите на јавноста се перципирани како: хуманистки, филантропи и дами кои се пример за општеството – заштитните лица на Еуроимпекс: Калиопи и Каролина!

Кај импортерот, спонтано се родила идејата за проширување на Peugeot семејството и од овој ден тоа брои еден член повеќе... Новиот член е талентиран, амбициозен, многу шармантен, млад дечко кој ветува-исполнува и цврсто чекори нанапред. Од денес, и Влатко Лозаноски – Лозано е официјално заштитно лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot.

Генералниот директор на компанијата, г-динот Кирил/Даниел Воиновски ги предаде клучевите на Лозано од возилото Peugeot 308 со Premium ниво на опременост, одличен бензински мотор и трендовска бела боја.

Видно возбуден и среќен, Лозано изјави: “Многу ми е драго и горд сум што од денес станувам заштитно лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot. Сигурен сум дека новото Peugeot 308 ќе ми ги разубави секојдневните патувања, приватни и професионални, а чувството да се вози автомобил на бренд со традиција и сигурна вредност ќе биде прекрасно искуство за мене.”


  Назад кон новости