Скопје | 08.12.2010

Еуроимпекс, промоција на Peugeot RCZ и прослава на јубилеите со градска журка и настапи во живо

novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl17.jpg
novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl1.jpg 2 novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl2.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl3.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl4.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl5.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl6.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl7.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl8.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl9.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl10.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl11.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl13.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl12.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl13.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl14.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl15.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl16.jpg novosti/2008-2010/peugeot_RCZ/sl17.jpg

Еуроимпекс импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, оваа година ја одбележа како година на јубилеи. Peugeot брендот бележи 200 години од своето постоење, а Еуроимпекс 20 години од своето основање. Двата родендени збогатени со причина повеќе, беа прославени вчера (07.12.2010 год.) во Club Colosseum. Пред многуте гости, обраќање до нив имаше Регионалниот директор за зоната во која припаѓа Еуроимпекс во рамките на Automobiles Peugeot г-динот Робин Демишелена тој изјави: „Peugeot ја обликува својата судбина со цврста стратегија веќе 200 години. Додека останатите се орјанирани кон минатото, Peugeot ја користи својата историја за да ја планира и изгради иднината на брандот.“ По г-динот Демишелена, Генералните директори на Еуроимпекс г-дата Кирил и Даниел Воиновски имаа свое обрќање.

„Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.

Оваа година Еуримпекс прославува јубилеј,... бележи 20 години постоење!

20 години – развој

20 години – инвестирање

20 годнини – успешно опстојување на пазарот!“ истакна Кирил Воиновски.

“Денес, сме компанија која неколку години последователно се наоѓа на листата 200-те најуспешни компании во Републикава. Денес, сме генерални увозници на Peugeot автомобилите со најголема овластена сервисно-продажна мрежа во земјава, генерални застапници за Total (Тотал) маслата, Banner (Банер) акумулаторите и програмата на алати за брендовите Bahco (Бахко), Milwaukee (Милвоки), AEG (АЕГ) и Irimo Иримо.“ истакна Даниел Воиновски и додаде: „Многу научници кажале, а вработените во Еуроимпекс тоа и го докажаа – дека една компанија може да биде успешна ако добар тим луѓе работи во неа. Велат, првите 20 години се најтешки, одсега ќе ни биде полесно!.“

По силниот аплауз зборот го превзема Директорот на продажба г-динот Дејан Јадровски кој заедно со прекрасната Лила Стојановска ја имаа честа да го претстават пред јавноста новиот и неодолив Peugeot RCZ.

Атмосферата ја разубавија заштитните лица на Еуроимпекс. На сцената блеснаа Клиопи, Каролина и Влатко Лозаноски кои имаа настапи во живо и тоа секој со својот бенд. Меѓу гостите имаше многу градски лица, бизнимени и менаџери кои уживаа во сé оноа што Еуроимпекс им беше подготвил.


  Назад кон новости