Скопје | 06.05.2010

Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010

novosti/2008-2010/test_drive_2010_niz_makedonija/sl1.jpg

Во просториите на Еуроимпекс – Генерален увозник на возилата Peugeot, беше одржана прес конференција на која ексклузивно беа објавени информациите врска целомесечната манифестација наречена Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010.

Станува збор за статичко и динамичко прикажување на возилата на Peugeot при што целата менифестација ќе биде проследена во 9 градови во Републикава од 10:00 до 16:00 часот.

Стартот на целата манифестација ќе се случи во Кочани на 07-ми мај во петок. Потоа во сабота на 8-ми мај во Штип, а 9-ти во Гевгелија. Наредниот викенд Peugeot Test Drive Tour 2010 ќе гостува во западниот дел од Македонија почнувајќи од петок 14-ти во Кичево, 15-ти сабота во Охрид и 16-ти недела во Битола. На 28-ми мај во петок возилата ќе бидат присутни во Прилеп, на 29-ти сабота во Скопје и крајот ќе биде одбележан на 30-ти мај во Тетово. Во сите градови манифестацијата ќе биде позиционирана на атрактивни локации во централните подрачја на градовите.

„Нашата цел е едноставно да има неофицијална дружба меѓу Peugeot, посетителите и случајните минувачи... Јавноста да има прилика да се дружи со моделите на Peugeot, да ги разгледаат внатре и однадвор како и да ги возат, а без притоа да треба да вложат време за посета на нашите салони.” - изјави г-динот Кирил/Даниел Воиновски Генерален директор на Еуроимпекс.

„Модели кои ќе можат да се видат и разгледуваат ќе бидат следниве: Peugeot 107, 207, 308, 308 SW, Bipper Tepee, 4007, 308 CC и 3008. Вложуваме напори да пристигне и Peugeot 5008, кое ќе може да биде видено вториот и третиот викенд. Возила кои посетителите ќе можат да ги тестираат т.е. возат ќе бидат: Peugeot 207, 308, 407 и Partner Tepee“, додаде г-динот Воиновски.

Покрај Peugeot возилата, посетителите и случајните минувачи ќе можат да се дружат со дамите - Калиопи и Каролина заштитните лица на Еуроимпекс, кои во текот на манифестацијата ќе не посетуваат по градовите низ Републикава.

Ние веруваме дека јавноста во Македонија ќе ужива во целиов настан, со ова ги покануваме да бидат дел од него.


  Назад кон новости