FAP ФИЛТЕР И ПОЛУ-ОСКА

FAP ФИЛТЕР

Сите турбо дизел возила произведени по 2001 година, имаат FAP филтер (filtre à particules) кој е составен дел од издувниот систем. Тој во себе ги задржува и согорува штетните честитци на чад, од издувните гасови. Одржување на овој филтер во исправна состојба е од есенцијално значење за вашето возило, а не само од аспект на загадување на човековата околина.

ПОЛУ-ОСКА

Општата сообраќајна безбедност може да биде доведена во прашање, доколку имате неисправна полу-оска. Полу-оската е клучна за добра управливост на возилото, како и за пренесување на вртежниот момент од менувачот до тркалата на возилото. Бидете одговорни, грижете се за Вашата, за безбедноста на вашите патници, пешаците и учесниците во сообраќајот.