САНИТАРНА СОСТОЈБА (COVID-19) СООПШТЕНИЕ

SUV 3008 HYBRID

Новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID комбинира моќ и префинетост, со технологијата во возилото што придонесува за уникатно возачко искуство. Неговите два мотора HYBRID 225 КС FWDi и HYBRID4 300 КС AWDi, комбинирајќи внатрешно согорување и електрична енергија, се ефикасни и динамични. 100% електричниот режим ќе Ви овозможи да доживеете одлични емоции при возење.

ПРЕДНОСТИ

ХИБРИД НА ПОЛНЕЊЕ: ПРИЛАГОДЛИВО ВОЗЕЊЕ

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Нов преден дел

До 59 km
автономија (WLTP)

Задоволство при возење

Со овој plug-in hybrid, изберете режим на возење: внатрешно согорување или електричен. Во електричен режим, откријте нови сензации:

  • До 59 km (WLTPi) во електричен режим
  • Непречено и мирно возење, помалку вибрации
  • Моќно забрзување благодарение на вртежениот момент на моторот
  • Тивок мотор

До 300 КС
и погон на 4 тркала

Заштеди

Бројни заштеди и предности:

  • Просечна заштеда на потрошувачката проценета на 40%i,
  • Субвенции за купување на возило (во зависност од државата)
  • Употребата на електричен режим
  • Намалени трошоци за одржување

0 g
емисија на CO2 во електричен режим

Едноставност

Функции дизајнирани за Вас:

  • Едноставно и интуитивно полнење за 7 часаi
  • Целосно полнење е возможно за помалку од 2 часаi
  • Информации за возење во реално време
  • Управување од далечина со апликацијата MyPeugeot
  • Услугата Free2Movei за да Ви го олесниме секојдневието

ДИЗАЈН

НОВА ЕРА НА СОВРЕМЕНОСТ

Новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID покажува моќен дизајн благодарение на сосема новиот преден дел украсен со Full LEDi предни светла и SDLi. Неговиот впечатлив стил, совршената рамнотежа помеѓу моќноста и флуидноста, ги надминува утврдените кодови на SUV возилата.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – HYBRID4 ознаки

HYBRID ознаки

HYBRIDi или HYBRID4i ознаките кои ги красат крилјата на новиот PEUGEOT 3008 SUV суптилно потенцираат дека тие припаѓаат на иновативната технолошка plug-in хибридна гама.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – 19’’ наплатки

Наметливоста на SUV возилата

Завршните детали како што се сосема новите 19" San Franciscoi алуминиумски наплатки со дијамантски сјај, широките заштитни лакови на тркалата, како и робусните прагови на вратите, се јасно во согласност со моќните и безбедни атрибути на SUV возилата

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – материјали и панорамски кров

Есклузивни Alcantara® седишта

Внатрешноста на новиот PEUGEOT 3008 SUV plug-in hybrid доаѓа со ексклузивни материјалиi во mid-TEP Mistral / Alcantara® Greval со Aikinite порабување.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Голем ентериер HYBRID со седишта Alcantara

Hi-Cockpit® прилагоден на plug-in хибридното возење

Надградениот PEUGEOT i-Cockpit® на новиот PEUGEOT 3008 SUV plug-in hybrid овозможува стимулативно и интуитивно возачко искуство на дневна основа. За поголема контрола и леснотија, адаптирани се дигиталната инструмент табла и капацитивниот 10” екран на допир.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Висококвалитетна дигитална инструмент табла

Дигитална инструмент табла

Во секое време, head-up дигитална инструмент табла, со висококвалитетен дисплеј обезбедува информации за:

  • Режимот на возење: електричен, спорт, хибриден, 4WD i
  • Ниво на електричен опсег на возење
  • Ниво на опсег на гориво
  • Информации за употреба на енергија преку мерачот на енергија: CHARGEi, ECOi и POWERi.
Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Нов 10’’ HD екран на допир

10" екран на допир

Може да го програмирате полнењето на батеријата преку новиот 10"i екран на допир, кој Ви овозможува пристап до функциите за поставување и информациите за возење на новиот PEUGEOT 3008 SUV plug-in хибрид:

  • Енергетски движења кои ја илустрираат работата на хибридниот систем
  • Статистика за потрошувачка на електрична енергија и гориво
  • Локација на станиците за полнење и моменталната оддалеченост на иститеi
  • Конфигурација на полнењето
  • Активирање на функцијата e-Save
  • Прилагодување на температурата во патничкиот простор


ТЕХНОЛОГИЈА

PLUG-IN HYBRID

/image/14/9/peugeot-hybrid-2018-011-fr.737149.jpg

Plug-in хибриден мотор

За помоќно искуство, новиот PEUGEOT 3008 SUV е достапен во верзија HYBRID4 300 e-EAT8 AWDi (погон на четири тркала) iи HYBRID 225 e-EAT8 FWD** (погон на две тркала)i.

Комбинира:

- Бензински мотор PureTech со моќност од 147 kW / 200 КС за HYBRID4i и мотор од 132 kW / 180 КС за HYBRID i.

- 81 kW мотор напред на HYBRID и HYBRID4 и втор мотор 83 kW назад на HYBRID4.

/image/15/0/peugeot-3008phev-hy4-2018-017-fr.737150.jpg

Литиум-јонска батерија (240-400 V)

Опсегот на батеријата во 100% електричен режим е 59 km/h WLTPi (69 km NEDCi) за HYBRID4 и 56 km/h WLTP (65 km NEDCi) за 3008 SUV HYBRID.

- Капацитетот е 13.2 kWh.

Батеријата има гаранција 8 години, 160.000 km/h за 70% од нејзиниот капацитет за полнење.

Функцијата „e-SAVE“ му овозможува на возачот да го сочува остатокот на електрична енергијаi за да ја користи по желба за време на неговото патување. Оваа одлика е корисна во ограничените области за возење.

АВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ

АВТОНОМИЈА ДО 59 km/h ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ (WLTP)

Опсегот на возење на литиум-јонската батерија на новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID Ви овозможува да поминете до 59 km/h во електричен режим според протоколот за сертификација WLTPi (Процедури за тестирање во светски рамки на лесни возила). Протоколот WLTP им дава на корисниците попрецизна и реална визија за вредностите на опсегот на возење според вистинската употреба на возилото.

ГЛАВНИ ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОПСЕГОТ ВО ЕЛЕКТРИЧНИОТ РЕЖИМ

PEUGEOT 3008 HYBRID
БРЗИНА

Прилагодување на брзината на автопат и брзите патишта помага да се зачува преостанатиот опсег на возење.

PEUGEOT 3008 HYBRID – Ознака за стил на возење
СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ

Ограничувањето на силното забрзување и одложеното сопирање помага да се зачува преостанатиот опсег на возење.

PEUGEOT 3008 HYBRID – Ознака за температура
ТЕМПЕРАТУРА

Активирањето на клима уредот или греење за време на возењето влијае на преостанатиот опсег на возење

PEUGEOT 3008 HYBRID – Ознака за оптоварување
ОПТОВАРУВАЊЕ

Бројот на патници или количината на багаж може да влијае на преостанатиот опсег.

PEUGEOT 3008 HYBRID
БРЗИНА

Прилагодување на брзината на автопат и брзите патишта помага да се зачува преостанатиот опсег на возење.

PEUGEOT 3008 HYBRID – Ознака за стил на возење
СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ

Ограничувањето на силното забрзување и одложеното сопирање помага да се зачува преостанатиот опсег на возење.

PEUGEOT 3008 HYBRID – Ознака за температура
ТЕМПЕРАТУРА

Активирањето на клима уредот или греење за време на возењето влијае на преостанатиот опсег на возење

PEUGEOT 3008 HYBRID – Ознака за оптоварување
ОПТОВАРУВАЊЕ

Бројот на патници или количината на багаж може да влијае на преостанатиот опсег.

РЕШЕНИЈА ЗА ЕДНОСТАВНО И БРЗО ПОЛНЕЊЕ

За целосно искористување на новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID, со сите предности на целосното електрично возење и намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на СО2, препорачливо е редовно да ја полните батеријата.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Полнење на приватен паркинг

Полнење во домот или на работа


Можете целосно да ја наполните батеријата на новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID:

- користејќи стандарден приклучок (8 A, 220 V) за 7 часа;
- користејќи приклучок од типот Green'up® за брзо полнење (14 A, 220 V) за 4 часа.

Можете исто така побрзо и безбедно да го полните Вашиот PEUGEOT 3008 HYBRID со кутијата за полнење.
За целосно полнење се потребни само 1 час 45 минути со кутија за полнење од 7,4 kW*. i

Нов SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Полнење на јавни станици

Полнење на јавна станица

Широка мрежа од повеќе од 185.000 јавни станици е достапна низ цела Европа за полнење на вашето хибридно возило*.i.
PEUGEOT Ве поканува да се претплатите на понудата Charge My Car од услугите Free2Move користејќи ја мобилната апликација, што ќе Ви го олесни пристапот до огромна мрежа на јавни станици за полнење.
Користејќи Charge My Car и картичка за полнење, лесно можете да пристапите до мрежата од над 140.000 станици за полнење во Европа.

РЕЖИМ НА ВОЗЕЊЕ

PLUG-IN HYBRID - СПЕЦИФИЧНИ УСЛУГИ

ИЗВОНРЕДНА НЕЗАВИСНОСТ

Благодарение на услугите што ги нудат MYPEUGEOT® и Free2Move Services, уживајте во поголема независност од кога било кога станува збор за управување со Вашето хибридно возило.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – е-контроли на далечина

e-КОНТРОЛИ НА ДАЛЕЧИНА


Контролирајте и планирајте го полнењето директно од Вашиот паметен телефон. Можете исто така да управувате со температурата во автомобилот.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID - Charge My Car со Free2Move

CHARGE MY CAR СО УСЛУГИТЕ FREE2MOVE


Одлучете се за едноставно решение за пристап до јавни терминали за полнење преку Charge My Car i од услугите Free2Move.

MYPEUGEOT®

КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО ОД ДАЛЕЧИНА

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – Aпликација MyPeugeot

Искористете ги персоналните услуги во реално време, синхронизирани со Вашата корисничка сметка, преку бесплатната апликација Мy Peugeoti:

- Внимавајте на статусот на Вашето возило (податоци за возење, локација).
- Брз и лесен пристап до помошта при возење.
- Управувајте со барањата за одржување и сервис на Вашето возило.
- Лесно управувајте со полнењето на батеријата и температурата во внатрешностаi.
- Контролирајте и планирајте го Вашето полнење за време кога цената на електрична енергија е ниска, директно од Вашиот паметен телефонi.

ГАЛЕРИЈА