Електричниот мотор нуди максимална моќ од 100kW / 110 КС и може да достигне вртежен момент од 260 Nm.
Нуди максимално уживање при возењето преку: редуцирани вибрации, тивка работа на моторот и 0 емисија на CO2.
Работата на електричниот мотор е потпомогната со други два елементи:
- Инвертор: тој ја претвора еднонасочната струја која ја обезбедува батеријата во наизменична струја која ја користи електричниот мотор. Инверторот е поставен помеѓу батеријата и електричниот мотор.
- Редуктор: електричното возило нема менувач на брзини туку редуктор. Ова ни овозможува да брзината на вртење на електричниот мотор, биде компатибилна со вообичаениот опсег на брзина на возилото.